Прејди на содржината

Ефто Пупиновски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ефто Пупиновски
Биографски податоци
Роден(а)2 јуни 1953(1953-06-02) (73 г.)
Струга, НР Македонија, ФНРЈ
ПотеклоМакедонија
Жанровинародна музика, поп-фолк музика
Занимањапејач
Период на активност1974 - сѐ уште

Ефто Пупиновски (р. 2 јуни 1953 во Струга) — македонски пејач.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Ефто е роден во Струга на 2 јуни 1953 година, тој е еден од доајените на македонската музика. Едни од најпознатите негови песни се: Лихнида кајче веслаше, Туѓа си бескрајно, Тинке Катинке, Сакам да сум крај тебе, Прости ми душо моја, Врати се бела Марија, Ах, ах Ана, Пеј со добро вино, Дено Денице, Грлото ме издаде и многу други песни. Неговиот брат Секула Пупиновски е исто така познат пејач.

Во 1986 година на Макфест настапил со песната Удрете тапани. Исто така во 1986 година настапува и на Фолк Фест Валандово со песната Лихнида кајче веслаше каде што победил со прва награда од публиката.

Тој во неговата кариера имa испеано многу авторски песни, од кои има 2 дуети, големи хитови со Блага Петреска Песна може се (композитор: Миле Барбаровски) и Зоро моја Зориче (композитор: Ефто Пупиновски), во 2003 година со Атина Апостолова настапуваат на Фестивалот Филиграни со песната Скопските боеми, со Сузана Спасовска имаат една заедничка песна насловена како Ќе се женат другари од 2005 година, текстот на песната е нивен, музика на Ефто и аранжманот е на Сашо Ливрински.

Во 1987 година го одржува својот прв соличтички концерт во Универзалната сала во Скопје. После него истата година одржал 8 солистички концерти во Австралија и низ европските земји во концертни сали. Во Универзалната сала одржал концерти уште три во 1989, 1990 и 2014 година.

Во 2014 година тој направи голем јубилеен солистички концерт во Универзалната сала во Скопје по повод 40 години јубилеј, на концертот гости му биле: Блага Петреска и Ѓоко Танески, на концертот го придружувала познатата група Група Академци.

Во 2015 година тој снимил нови песни и албум. Во 2016 година снимил нова авторска песна со Група Маестро Песна за невестата. Во 2018 година издал нов албум наречен Носталгија. Во 2020 година снима 2 нови песни Свадбен танц и Ти ме веселиш. Во 2022 година настапил на Фолк Фест Валандово со песната Изгубени души со која освоил втора награда на фестивалот, во 2023 година настапил со песната Опојна роза и во 2025 година со песната Три извора, три изгора.

Награди и признанија

[уреди | уреди извор]

Ефто е добитник на повеќе награди, меѓу кои:

  • Награда на Макфест за песната Удрете тапани (1986)
  • Награда од жири-комисијата на Фолк Фест Валандово за песната Лихнида кајче веслаше (1986)
  • Награда од жири-комисијата на Фолк Фест Валандово за песната Ти си ми верна месечино (1992)
  • Награда на фестивалот "Канбета" во Австралија за песната Туѓа си бескрајно" трета награда од публиката (1992)
  • Награда на фестивалот "Цветници" за песната Песна може се заедно со Блага Петреска која ја освоија првата награда од жири-комисијата (1992)
  • Награда на Фолк Фест Валандово за песната Спомен Валандовски прва награда од публиката (2000)
  • Награда за најдобра интерпретација на "Филиграни" заедно со Атина Апостолова за песната Скопските Боеми (2003)
  • Награда за најдобра интерпретација на Фолк Фест Валандово" за песната Грлото ме издаде (2007)
  • Награда за најслушана песна на "Валандово" за песната Грлото ме издаде (2008)
  • Во 2010 година на Фолк Фест Валандово ја добил специјалната награда "Антологија" за песната Лихнида кајче веслаше (2010)
  • Награда за најдобра интерпретација на "Валандово" за песната Ми зароси роса (2011)
  • Награда за животно дело на "Фолк Фест Роса" (2013)
  • Награда за животно дело, по повод 40-години кариера (2014)
  • Награда на Фолк Фест Валандово за песната Изгубени души (2022)
  • Награда за животно дело Златна бубамара на популарноста (2023)[1][2]
СпотГодинаРежија
Лихнида кајче веслаше1990МТВ
Песна може се1992МТВ
Зоро моја Зорице1993Благоја Марковски
Ќе се женат другари2005МТВ
Душо моја2015
Дај боже2015
Верувај во љубовта2015
Голем мерак2015
Слава славам2015
Прости ми душо моја2015
Удрете тапани2015
Кај ме залуди Калино2015
Еј чашо празна чашо2015
Биди силна каде и да си2015
Туѓа си бескрајно2018Миле Грозданоски
Никогаш2018Миле Грозданоски
Грлото ме издава2018Миле Грозданоски
Благослов2018Миле Грозданоски
Пеј со добро вино2019Миле Грозданоски
Ајде галоп коњи мои2019Миле Грозданоски
Либе Марија2019Миле Грозданоски
Песна може се2024МРТ 1

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ „Легенди: Блага Петреска и Ефто Пупиновски со дует на "Златна Бубамара"“. 17.3.2023. Посетено на 13 јануари 2024. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. ↑ „Македонската песна е наша духовна храна во добро и зло, Петреска и Пупиновски Наградени за Животно дело на Златна Бубамара“. 17.3.2023. Посетено на 13 јануари 2024. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)