Сузана Спасовска

Од Википедија — слободната енциклопедија
За истоимената писателка видете Сузана В. Спасовска
Сузана Спасовска
Родена 24 август 1964
Скопје, СФРЈ СФР Југославија
Занимање фолк пејачка

Сузана Спасовска (Скопје, 24 август 1964) — македонска музичка ѕвезда која од 80-тите години на XX век ја негува македонската песна и има снимено над 21 самостојни аудио и dvd изданија, многу видео записи со врвен квалитет, музички антологии, самостојни концерти и фестивали. Нарекувана е „Сузе Национале“, „златното грло“, „славејот македонски“. Позната е по своите уникатни настапи и кореографии[1].

Животопис[уреди | уреди извор]

Спасовска е родена во Скопје на 24 август 1964 година. Уште од дете настапувала во голем број хорски ансамбли и пејачки групи. Подоцна постигнала извонредна пејачка кариера, изведувајќи неколку стотини народни и авторски фолк песни[2].

Дискографија[уреди | уреди извор]

Сузана Спасовска гостувалa речиси низ целиот свет: САД, Канада, Европа, Австралија, а имала и настапи на врвни светски сцени, како: Ватрослав Лисински - Загреб, Цанкарјев дом - Љубљана, Брукс центар - Мелбурн, Опера хаус - Сиднеј и др. Почнувајќи од 1986 до 2019 година, таа има издадено повеќе од 15 албуми, меѓу кои и две двд изданија, почнувајќи од:

  1. Земи ме (1988)со оркестарот Урнебес: „Дојди пиле љубено“,„ Ах мил, убав мој“, „Земи ме“, „Води ме во рај“, „Не сум ти кукла“, „Не ти верувам“, „Младост остани“, „Од твојте очи“, „Илија момче сојлија“, „Јас те чекам“, „Една насмевка“.
  2. Робинка (1992): „Јас бев твоја робинка“, „Грешно вљубени', „Пари, пари“, „Мандолини и гитари“, „Ќе го љубам довека“, „Што ми фали“, „Чувај се мој војнику“, „Не ме сонувај“, „Свадба убава“, „Ајде Душко Кажи ми“.
  3. Џаро ми е драг(1994): „Џаро ми е драг“, „Стара мајко“, „Си имам јадови“, „Казни ја Боже“, „Ти, ти“, „Бегај ѓаволе“, „Супер пар“, „Нема да дозволам“, „Ако сакаш љуби ме“.
  4. Македонски бисери (изворни песни - 1996): „Не виткај се Софче“, „Параходот ми пристигна“,„Билбил пее“ „Бор садила мома Евгенија“, „Со маки сум се родила“, „Не си го продавај Кољо чифликот“, „Пилето ми пее“,„Јано мори“, „Судбо моја“, „Благуно дејче (дует со Пепи Бафтировски)“
  5. Македонски бисери (1996) DVD: „Не виткај се Софче“, „Параходот ми пристигна“, „Јано мори“, „Не си г продавај Кољо чифликот“, „Билбил пее“, „Пилето ми пее“, „Судбо моја“, „Благуно дејче (дует со Пепи Бафтировски)“
  6. Песно развесели ме (1998): „Песно развесели ме“, „Ти си ми по мерак“, „Не е штос“, „Личен Дејан“, „Добар чочек пари вреди“, „Фалбаџијо“, „Плати ми“, „Гори срце, гори“, „Не ми треба богатство“,„Отров ти е душата“+екстра хит „Џингрлака Џикица“ (во втората верзија на касетата, 1999 г.)
  7. Бомба (2001): „Бомба“, „Миле, Миле“, „Ај со среќа денот“, „Аман, аман“, „Среќен роденден“, „Чоколада“, „Гордо Македонијо“, „Расти сине“, „Егејска мака“,„Земјо моја“, „Стара мајко“.
  8. Балканска истина (дуетско цд со Васко Лазаров, издадено за Бугарски пазар-2004): „Високи чардаци-В.Л.“, „Здравоживо домаќини-С.С.“, „Кирчо на чардак-В.Л.“, „Засвири една наша-С.С.“, „Като Лена-В.Л.“, „Сватба убава-В.Л.“, „Маико-В.Л.“, „Билбил пее-С.С.“, „Балканска истина (дует)“.
  9. Здравоживо домаќини (2005): „Здравоживо домаќини“, „Две лози“, „За нас“, Зумба, зумба“, „Дај ја сметката“, „Јас те сакам“, „Од љубов не се бега“, „Животот е многу убав“, „Ако душо, ако“, „Младо Охриѓанче“, „Засвири една наша“, „Стојане сто те убиле“, „Отров ти е душата“, „Грешно вљубени“, „Печалбарска балада“.
  10. Песни за татковината (2005) - Двојно цд со Здравоживо домаќини: „Столетна“, „Навек векуваш Македонијо-дует со М.Т“, „Александар цар Македонски“, „Стани Македонијо“, „Пусти да се тие граници“, „Лешочките камбани“, „Каде се дванаесетмината“, „Егејска мака“, „Наша татковино“, „Бошја реч“, „Гордо Македонијо“, „Расти сине“, „Пеј, бистро пеј-дует со Н.П.“, „Земјо моја“.
  11. Здравоживо домаќини (2006) DVD - Здравоживо домаќини, Две лози, Александар цар македонски......
  12. Антологиско цд со народни песни (2006)
  13. Празнична (2008): „Празнична“, „Вино му се пие“, „Бериќет“, „Илинденска“, „Ќе се женат другари-дует со Е.П.“, „Родно огниште“, „Низ корија зелена“, „Митра низ двори шеташе“, „Китуше, Митуше-дует со гр.Бекрии“, „Жилче, доме мој“, „Саде ти се чудам Цвето“, „Младост“, „Љубов“, „Урнебес“, „Прочка-дует со М.Т.“.
  14. Бакрдан (народни песни во етно стил наменети за Хрватскиот пазар (2008) - со Цане Петров: „Смилјана“, „Македонско девојче“, „Сношти појдов мила мамо“, „Невесто мори убава“, „Ој девојче, ран бел мој“, „Ацано млада невесто“, „Там дека има високи чардаци“, „Каде се чуло видело“, „Билјана платно белеше“.
  15. Сполај ти Боже (2013) двојно цд: „Заради децата“, „Градат Мијаци крсто до облаци“, „Печалбарска елегија“, „Сполај ти Боже“, „Еден е животот-дует со В.Л.“, „Велигден дојде“, „Денес ми е роденден“, „Оган да го гори“, „Една е, една Македонија“, „Мерак песна-дует со С.Сиљановски.“, „Осум бигори на Македонија“, „Свадбарска-дует со гр. До Ре Ми“, „Велигден сè до Спасовден“, „Божиќна“, „Те љубам“.
  16. Македонски бисери 2 (2013-народни песни)- Двојно цд со „Сполај ти Боже“: „Ој Јоване“, „С каменички флат мамо“, „По друм одам мајче“, „Белите манастири“, „Виното и песната“, „Сношти појдов мила мамо“, „Пушко ле, пушко“, „Внуците на Гоце“, „Ој девојче, ран бел мој“, „Море сокол пие“, „Што имала к'смет Стамена“, „Сестра кни брата на вечера“, „Таму долу крај Белото Море“, „Македонки билбилјанки“, „Калино моме“.
  17. Тоа сме ние (2013) - со Гоце Џуклески: „Тоа сме ние“, „Денес ми е роденден“, „Во срцево те насликав“, „Нека памети“, „Новогодишна снегулка“, „Пеј, играј со мене“, „Валцер за младенците“, „Песна за Водици“.
  18. Виолина и глас (2013)-Со Зоран Џорлев (изворни песни, снимени со виолина и гласот на С. Спасовска): „Те видов и се заљубив“, „Налеј, налеј“, „По друм одам мајче“, „Ајде брала мома“, Жали Горо“, „Параходот ми пристигна“, „Градел Илија манастир“, „Црна се чума зададе“, „Сношти појдв, мила мамо“, „Т'га за југ“.
  19. Македонски бисери 3 (2014) - народни песни: „Земјо Македонска“, Петро ле, пиле шарено“, „Три години стана“, „Мори сваќе, сваќе“, „Таму долу крај Белото Море“, „Остана Ратка млада удовица“, „Болен лежи млад Стојан“, „Ајде да си речеме една песна“, „Македонско девојче“, „И ние сме деца на Македонија“.

Спасовска истовремено работела како директорка во нејзината матична продукција ’’С Национале’’, основана во 2010 година. Досега ги има реализирано концертите: 10 години од смртта на Васка Илиева, насловен како ’’Земјо Македонска’’ во 2011 година; ’’Македонско име нема да загине’’ во 2011 година; Концертот во чест на Секула Пупиновски во 2012 година; Етно фест ’’Три Круши ’’ во 2010, 2011 и 2012 година; снимен еден циклус на музичката емисија ’’Здравоживо домаќини’’. Таа била и директорка е на Лешочкиот фестивал неколку години по ред.

Од почетокот на својата кариера, таа има забележани дуети снимени со повеќе пејачи, почнувајќи од Мишко Талески (''Верувај во овој живот'',''Навек векуваш Македонијо'',''Прочка'',''Вечнаја памјат владико Кирил'' и др.), Наум Петрески (''Животот е многу убав'', Пеј, бистро пеј'', ''Невено, Невенке'', ''Цветините очи черешови'', ''Лино, моме Лино''), со Ефто Пупиновски ('' Ќе се женат другари''), со Миле Кузмановски (''Што спечаливме'', „Ацано млада невесто“), со Спасен Силјановски (''Мерак песна''), гр. Свадбари (''Свадбарска''), Борис Чоревски (''Печалбарска балада'', ''Столетна''), Дарко Нечовски (''Бог го има секој клуч''), Новица Василевски и Група Биоритам (''Назад, назад, Калино моме'', "Девојко мори убава"), "Група Академци“ (“Петка, глава“), Оливер Додев (“Имала мајка рани две“), како и уметникот од Бугарија- Васко Лазаров (''Балканска вистина (снимена и на бугарски јазик-Балканска истина)'', ''Терзиче младо'', ''Еден е животот'',''Пусти да се тие граници''), вклучувајќи ги и дуетските цедиња со Цане Петров (''Бакрдан''), Гоце Џуклески (''Тоа сме ние''), Зоран Џорлев (''Виолина и глас''), Балканска истина (дуетско цд со Васко Лазаров за бугарски пазар), Антологиско цд, заедно со Душко Георгиевски, Виолета Томовска, Наум Петрески, Нино Величковски.

Во организација на „Роса продукција“, на 4 март 2016 година, Спасовска одржала голем јубилеен концерт по повод 30 години од нејзината музичка кариера. Музичка група на концертот беше Група Академци[3].

ЈУБИЛЕЕН КОНЦЕРТ-30 ГОДИНИ НА СЦЕНАТА[уреди | уреди извор]

Првиот дел од концертот беше наменет за потсетување на нејзините безвременски хитови од почетокот на кариерата: ''Кога љуби мома млада, Марко Марко, Стара мајко, Личен Дејан...''

„Т’га за југ“, арија од Пучини, песна на кинески јазик... Со совршена леснотија во својата изведба, Сузана Спасовска им ги подари овие музички изненадувања, поразлични од нејзиниот вообичаен репертоар, на сите оние што дојдоа на нејзиниот јубилеен концерт, што се одржа на 4 март, во салонот на МОБ. За овие три децении на македонската естрада, колку што Сузе национале ги одбележа со овој концерт, насловен како „30 години сцена, музика, Македонија“, дури и оние што се резервирани кон нејзината фолк-определба, не посакале да и' ги оспорат гласовните капацитети на музичка примадона.

Сузе национале, епитет кој како што вели, и' е чест што го носи, ја делеше сцената со своите пријатели и колеги и ги испеа сите свои најголеми хитови. Имаше многу аплаузи, солзи, емоции, награди и други бројни изненадувања.

Елегантна, во три гламурозни творби, Сузана Спасовска на сцената на МОБ, ја остави во спомените онаа сценски екстравагантна Сузе, од која како што знае да каже, учела и Леди Гага. Емоциите насобрани поради јубилејот, полната сала, семејството и пријателите во публиката... не предизвикаа да и' затрепери гласот на погрешно место, туку само создаде нов квалитет во нејзината изведба.

Заедно беа изведени народните песни „Параходот, Судбо моја, Назад, назад Калино моме'' во заендичка изведба со машкиот хор на Танец, како и “Т'га за југ“ на крајот од музичкиот блок.

Концерт на Спасовска започна со нејзините песни, кои беа хитови од нејзината рана фаза, крајот на осумдесеттите и деведесеттите години: „Здравоживо домаќини, Кога љуби мома млада, Зошто лажеш зошто мамиш, Марко-Марко, Стара мајко,Личен Дејан“ и др. Вистинската моќ на „голиот“ глас на славеничката, во придружба на само еден инструмент, гитара, првпат се покажа во вториот дел од концертот, со песната „Стојане, сто те убиле“. Потоа, со секоја песна само се потврдуваше впечатокот и се надградуваше концертното доживување.Нејзиниот ѕвонлив, силен, пробивен, но истовремено нежен глас, се вивна во невидени височини, но допре и до најдлабоките катчиња на душите на сите во салата. Таа во придружба на виолината на Зоран Џорлев продолжи со „Параходот ми пристигна“ од дуетското цд „Глас и виолина“, „Јано севдалино“, „Судбо моја“ и дуетот со машката пејачка група од „Танец“ на песната „Назад Калино моме“. Како гости на концерот се појавија хармоникашите и композитори Тодор Трајчевски, со заедничка изведба на „Ти верував до крај“, со Гоце Џуклески, “Пеј, играј со мене“, како и Милан Завков со песната “Засвири една наша Милане“. Големо изненадување за публиката во овој блок беше изведбата на „Т'га за југ“, што го заокружи блокот за заедничкото цд со Зоран Џорлев, а потоа и оперската арија од Пучини и народната кинеска песна, на која се придружи нејзиниот професор по кинески јазик. Публиката со големи оваа ја придружуваше и заедничката изведба на „Македонско девојче.“

Сузе Национале во третиот блок од концертот. Тука беа изведени најголемите хитови во кариерата: Навек векуваш Македонијо, Гордо Македонијо, Робинка, Бомба, Ај со среќа денот, Џингрлака џикицак...

Во третиот дел од концерт, кој Сузе го најави како дел за провеселување, беа изведени композиции кои низ годините беа хитови, а некои од нив се се“ уште. Има ли некој кој не се сеќава на песните во периодот од 1998 до 2003 г.? Како такви беа испеани: „Гордо Македонијо, Песно развесели ме, Супер пар, Робинка, Навек Векуваш Македонијо со Мишко Талески... Но големо изненадување за публиката беше сплетот од безвременските песни како „Бомба, Ај со среќа денот“, за да финалето на концертот се случи со безвременкиот хит „Џингрлака џикицак“, неизбежен елемент за весела атмосфера насекаде. По сплетот од весели рефрени, кога Сузе на нозе ја крена цела сала, концертот заврши со песната на легендарната Васка Илиева, која токму Сузе Национале ја прогласи за своја наследничка - „Земјо Македонска“, заедно со сите кои беа дел од овој јубилеј.

Едноставно, од сите аспекти си ја потврди „титулата“ - Национале. По вториот дел од концертот ѝ беа доделени неколку награди и признанија од целиот свет, но се закити и со најголемата награда, „Македонски сенатор“, која ја додели македонското друштво од Австралија. Пред сите присутн доделувачот на наградата рече дека нашинците ја очекуваат на летната турнеја во Австралија, каде што ќе продолжи да го слави јубилејот. Народот потврди дека Сузе мора да прави концерт секоја година, без да прескокнува. Заслужено.

Спотови[уреди | уреди извор]

Спот Година Режисер
Да се памти овој ден 2000 МТВ
Ај со среќа денот 2001 -
Верувај во овој живот 2001 -
Те љубам 2002 МТВ
Опомена 2002 МТВ
Подај рака 2002 МТВ
Расти сине 2002 МТВ
Печалбарска балада 2002 МТВ
Земјо моја 2002 МТВ
Грешно вљубени 2003 Видео Бокс Продукција
Божја реч 2003 МТВ
Здравоживо домаќини 2003 -
Дај ја сметката 2005 -
Стојане што те убиле 2005 МТВ
Божиќна 2006 МТВ
Митра низ двори шеташе 2006 МТВ
Китуше Митуше 2008 -
Сон сум сонил 2009 -
Тагувам со насмевка 2015 Фабрика Продукција
Лажи ме 2015 -
Има еда земја 2015 -
Спомени 2016 Фабрика Продукција
Дали знаеш ти 2018 Фабрика Продукција
Девојко мори убава 2018 Миле Грозданоски
Во срцето те носам 2018 Фабрика Продукција
Ти верував до крај 2021
Рибарот мој 2021
Народе Македонски 2023 Скендеровски Продукција

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Леди Гага ме копира“. Вест. Посетено на 2010-03-28.[мртва врска]
  2. Македонска енциклопедија. II (прво. изд.). Скопје: МАНУ. ISBN 978-608-203-024-2 Проверете ја вредноста |isbn=: checksum (help).
  3. „Сузана Спасовска со славенички концерт во МОБ“, Дневник, година XX, број 5993 петок, 19 февруари 2016, стр. 21.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]