Јулија Мациевска
Изглед
| Јулија Мациевска | |
|---|---|
| Роден(а) | 16 март 1960 Радовиш, |
| Потекло | Република Македонија |
| Жанрови | Народна музика, Фолк музика |
| Занимања | Пејачка, Новинар |
| Период на активност | 1992 - сè уште |
| Мреж. место | www.makedonskosonce.com |
Јулија Мациевска (р. 16 март 1960 , Радовиш) — македонска новинарка и пејачка на народни песни.
Животопис
[уреди | уреди извор]Јулија дипломира на факултетот Св. Кирил и Методиј во Скопје на отсекот новинарство. Долги години се занимава и со музика, како соло пејачка. Чест учесник е на фестивалите: Фолк Фест Валандово, Филиграни, Гоце Фест и Лешочки Фолк Фест. Нејзини попознати песни се: "Мајко божја", "Хаџи мило", "Буре барут", "Пред паметникот на Гоце", "Слава тебе господе", "Единствен мој мил" и други...
Таа повеќе од 10 години, беше автор и водител на емисијата "Будење со Јулија" која се емитуваше премиерно секоја среда во 12:00 часот на ТВ Сонце.