Ако умрам Македонијо

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Ако умрам Македонијо“
Песна од Билјан Стојаноски
Јазикмакедонски
Објавена1997
Место на изведбаГоце Фест 1997
Жанрмакедонска народна музика
Должина6:02
Композитор(и)Милан Завков
ТекстописецТомислав Которчевиќ

„Ако умрам Македонијо“македонска народна песна, музика и аранжман Милан Завков, текст Томислав Которчевиќ. Песната првпат била изведена во 1997 година од Билјан Стојаноски на фестивалот на нови родољубиви и патриотски македонски песни Гоце Фест 1997 во Скопје.[1] Таа е една од песните кои оставиле белег на фестивалот и се силно врежани во алеите на македонската патриотска музика.[2]

Текст[уреди | уреди извор]

Ако умрам, еј Македонци,
ова срце закопајте го,
таму долу на сред Солунско,
па да никне ѕвоно големо,
што ќе бие и раскажува:
тука земја е македонска!
Македонијо, на нас душата
ни е горе на врв Пирина,
срце долу – на сред Солуна,
крвта – бистра вода Вардарска.
Ако умрам Македонијо,
пуста душа нека полета
таму горе, меѓу облаци,
да се стори сокол Пирински,
глас да пушти и раскажува:
тука земја е македонска!
Македонијо, на нас душата
ни е горе на врв Пирина,
срце долу – на сред Солуна,
крвта – бистра вода Вардарска.
Ако умрам, еј Македонци,
од кај Вруток да ме пуштите,
па да тргнам, да си поминам,
да ја видам, да ја исплачам,
таа малку што ни остана –
света земја, македонска.
Македонијо, на нас душата
ни е горе на врв Пирина,
срце долу – на сред Солуна,
крвта – бистра вода Вардарска.
Ако умрам Македонијо!

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]