Ванчо Тарабунов
Изглед
| Ванчо Тарабунов | |
|---|---|
Тарабунов во 2025 година. | |
| Биографски податоци | |
| Роден(а) | 24 февруари 1951 Радовиш, НР Македонија, ФНРЈ |
| Жанрови | |
| Занимања | пејач |
| Период на активност | 1967 - сè уште |
Ванчо Тарабунов (р. 24 февруари 1951 година во Радовиш) — македонски пејач на народни песни. Негов син е познатиот пејач Александар Тарабунов. Долги години бил вработен во Македонската радио-телевизија, како уредник и водител.
Животопис
[уреди | уреди извор]Ванчо Тарабунов бил роден на 24 февруари 1951 во Радовиш. Негови попознати песни се: Жени се Радо, Македонски крвопис, Дедовино, Земјо Делчева, Ела си Лене, Барам прошка. Тој е чест учесник и на фестивалите: Гоце Фест, Фолк Фест Валандово, Тумба Фест и други. Долги години работел како радио новинар, уредник и водител на народна популарна музика во Македонската радио телевизија.
Тој е еден од основачите, организаторите и воедно долгогодишен учесник на Гоце Фест и Тумба Фест.
Награди
[уреди | уреди извор]- Награда на "Гоце Фест" за песната "Дедовино" (1990)
- Награда на "Тумба Фест" за истоимената песна (1997)
- Втора награда на "Гоце Фест" за песната "Срам ни перде да се нема" (2005)
- Прва награда на "Гоце Фест" за песната "Што е мое пак ќе биде мое" (2010)
- Награда за животно дело на Фестивалот "Цветници" (2016)
- Награда за животно дело на Фестивалот "Тумба Фест" (2020)
- Награда на "Гоце Фест" за песната "Дедовино мила ризјанска" (2024)
- Прва награда од публиката на "Гоце Фест" за песната "На многаја лета" и признание за неговата долгогодишна работа и развој на фестивалот (2025)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Ванчо Тарабунов на YouTube.
- Профил на Ванчо Тарабунов Архивирано на 2 ноември 2023 г., Музички регистар.