Ани Малинкова
| Ани Малинкова | |
|---|---|
| Роден(а) | 17 септември 1973 Кавадарци, СР Македонија, СФРЈ |
| Жанрови | народна музика, фолк музика |
| Занимања | пејачка |
| Период на активност | 1994 - сè уште |
Ани Малинкова (р. 17 септември 1973 , Кавадарци) — македонска фолк пејачка на народни песни.
Кариера
[уреди | уреди извор]Малинкова почнала да се занимава со музика во 1994 година. Првото фестивалско учество и е во: 1995 година каде настапила на Фестивалот "Фолк Фест Валандово". Има настапувано на речиси сите фестивали во Македонија: Фолк Фест Валандово, Цветници, Гоце Фест, Фолк Фест Роса, Филиграни, Лешочки Фолк Фест и други. Таа е препознатлива по изведбата на нејзиниот голем хит: "Со тебе, без тебе" и изведбата на "Ајде да бегаме мори Васе". Ја има изведено и песната "Ми заплакало селото Ваташа" во Емисија "Зајди Зајди" во 2014 година. Покрај овие песни други нејзини авторски песни се: "Само тебе те сакам знај", "Ако те изгубам", "Душа ледена", "Каква е љубовта" и други. Има издадено и неколгу албуми со нејзини авторски песни и стари македонски песни.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Профил на Ани Малинкова Архивирано на 12 април 2020 г., Музички регистар
- Ани Малинкова на YouTube.