Вардаре, Пирин кај ти е?

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Вардаре, Пирин кај ти е?“
Песна
Јазикмакедонски
Објавена1994
Место на изведбаГоце Фест (1994)
Жанрмакедонска народна музика
Должина4:54 (Гоце Касаповски)
Композитор(и)Зоран Марковски

Вардаре, Пирин кај ти е?македонска народна песна, напишана од непознат автор. Песната е посветена на Пиринскиот дел на Македонија и неговите жители и има патриотски карактер.

Текст[уреди | уреди извор]

Вардаре, Пирин кај ти е,
Вардаре, Егеј кај ти е?

Мајко Македонијо, ајде не плачи,
ден ќе дојде, ќе ги гушнеш Пирин планини.
Мајко Македонијо, ајде запеј ти,
ден ќе дојде, ќе те носат води егејски.

Вардаре, Пирин кај ти е,
Вардаре, Егеј кај ти е?

Солзи течат мајчински, македонски,
тешки како што ни се, еј, векови.

Вардаре, Пирин кај ти е,
Вардаре, Егеј кај ти е?

Мајко Македонијо, ајде не плачи,
ден ќе дојде, ќе ги гушнеш Пирин планини.
Мајко Македонијо, ајде запеј ти,
ден ќе дојде, ќе те носат води егејски.

Вардаре, Пирин кај ти е,
Вардаре, Егеј кај ти е?

Надворешни врски[уреди | уреди извор]