Зајас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Зајас
Зајас во рамките на Македонија
Зајас
Местоположба на Зајас во Македонија
Зајас на интерактивна карта

Координати 41°36′25″N 20°56′17″E / 41.60694° СГШ; 20.93806° ИГД / 41.60694; 20.93806Координати: 41°36′25″N 20°56′17″E / 41.60694° СГШ; 20.93806° ИГД / 41.60694; 20.93806
Општина Coat of arms of Kičevo Municipality.png Кичево
Население 2.567 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6253
Шифра на КО 12022, 12522
Надм. вис. 755 м
Зајас на општинската карта
Зајас во Општина Кичево.svg

Атарот на Зајас во рамките на општината
Commons-logo.svg Зајас на Ризницата


Зајас — село во Општина Кичево, во областа Кичевија, во околината на градот Кичево. До 2013 година, селото претставувало административно седиште на поранешната истоимена општина.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Зајас се наоѓа во северниот дел на областа Кичевија, на 10 километри северно од Кичево. Селото се наоѓа крај Зајаска Река. Името на селото на месниот дијалект е Зајаз (Zajaz).

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Се смета дека името на селото доаѓа од долот (јазот) во кој се плакнело железото, а селото се наоѓало зад, па така е наречено зајаз, денес Зајас.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) со 70 семејства, 9 неженети и 3 вдовици, сите христијани.[2]

Според бугарскиот етнограф Васил К’нчов, Албанците во селото се населиле во XVIII век[3]. Изворното население на Зајас било христијанско. Околу 1740 г. селото е албанизирано со населување или исламизација. Населените Албанци ги нападнале околните православни села и ги колонизирале. Такви се Црвивци, Бериково, Трапчин Дол и други[4][4] К’нчов забележал дека во селото во 1900 година имало 2.150 жители Албанци.[5] Слични ставови имал и рускиот филолог Афанасиј Селишчев во 1929 година.[6]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.869—    
19532.109+12.8%
19612.343+11.1%
19712.829+20.7%
19813.571+26.2%
ГодинаНас.±%
199114−99.6%
19943.883+27635.7%
20024.712+21.3%
20212.567−45.5%

Според пописот од 2002 г. во Зајас живееле вкупно 4.712 жители[7], од кои:

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.567 жители, од кои 1 Македонец, 2.449 Албанци и 117 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 2.150 1.869 2.109 2.343 2.829 3.571 14 3.883 4.712 2.567
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови[уреди | уреди извор]

Како едни од најстарите албански родови во селото се споменуваат родовите: Думовци, Џаковци, Лимановци и Браовци, сите заедно имаат околу 240 куќи. Доселени се од споменатата област Мат (во северна Албанија) кон крајот на 18 век.[13]

Зајас е албанско село.

Родови во селото се:

  • Во Џума маалото се следните родови: Думовци, Лановци, Џаковци, Лимановци, Браовци, сите имаат околу (240 к.) куќи. Предците на споменатите родови се доселиле кон крајот на XVIII век. Во родот Думовци се знае следното родословие: Мустафа (жив на 51 г. во 1961 година) Асан-Муарем-Реџеп-Садик-Муарем, основачот на родот кој се доселил.
  • Во Теќе маалото се следните родови: Томај, Јаовци, Пирковци и Коџовци, сите заедно имаат (117 к.), предците на споменатите родови се доселени кон крајот на 18ти или почетокот на XIX век. Во родот Пирковци се знае следното родословие: Медија (жив на 62 г. во 1961 година) Велија-Усејин-Велија-Усејин, се доселил таткото на Усејин.
  • Во Челиковци маалото е родот Челиковци (40 к.) основачот на родот е доселен кон крајот на 18ти или почетокот на XIX век.
  • Во Туфковци маалото е родот (10 к.) основачот на родот е доселен кога и другите родови.

Сите албански родови имаат потекло од областа Матија во Албанија.[14]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постојат избирачките места бр. 814, 815, 816, 816/1 и 819 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 4.171 гласач.[16]

Личности[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.266
  3. Кънчов, Васил, Македония. Етнография и Статистика, София 1900, с. 95
  4. 4,0 4,1 „Димитрије Богдановић: „Књига о Косову", Београд 1986“. Архивирано од изворникот на 2007-09-10. Посетено на 2012-11-20.
  5. Кънчов, Васил, Македония. Етнография и Статистика, София 1900, с. 255
  6. Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
  7. „Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)“. Државен завод за статистика.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. Албанците во Македонија само од 1780 година, д-р Ристо Ивановски, Битола, 2014 г., 9 стр.
  14. „Кичевска Котлина: Сеоска насеља и становништво - Јован Ф. Трифуноски“. Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2018-12-24.
  15. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]