Бериково

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бериково
Бериково is located in Македонија
Бериково
Местоположба на Бериково во Македонија
Координати 41°38′30″N 21°0′39″E / 41.64167° СГШ; 21.01083° ИГД / 41.64167; 21.01083Координати: 41°38′30″N 21°0′39″E / 41.64167° СГШ; 21.01083° ИГД / 41.64167; 21.01083
Општина Coat of arms of Kičevo Municipality.png Кичево
Население 168 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 921 м


Бериково е село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево. До март 2013 селото било дел од Општина Осломеј, која се споила со Кичево.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото е дел од областа Горно Кичево, на западната страна на Добра Вода.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Минатото селото бико чисто македонско. Но во 1785 година тоа било исламизирано, кога Албанците ги исламизирале жените и децата од селото, бидејќи мажите им биле на печалба[1].

Според податоците од 1873 година, во селото имало 20 домаќинства со 35 жители муслимани и 50 христијани (Македонци).[2]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К'нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, селото Бериково имало 155 жители, сите Албанци.[3] Според него христијаните (Македонци) се иселиле од селото пред 1870 година.[4]

Според пописот од 2002 година, во селото имало 168 жители, сите Албанци.[5] Голем дел од населението се иселува во странство.

На табелата е прикажан преглед на населението во сите пописни години:[6]

Година 1900 1948 1953 1961 1971 1981 1994 2002
Население 155[3] 243 273 259 283 245 178 168

Родови[уреди | уреди извор]

Бериково е албанско село.

Родови во селото се: Демире (10 к.) и Имере (4 к.) порано биле еден род. Тоа се најстари доселеници во селото. Доселени се во првата половина на 19ти век од Матија, Албанија, во родот Демире се знае следната генеологија Назиф (жив на 40 год. во 1961 година) Алит-Садик-Ислам-Демир, основачот на родот кој дошол; Смајле (8 к.) и Адиле (5 к.) доселени се исто така од Матија, Албанија; Неле (3 к.) и Бене (3 к.) порано биле еден род. Исто така доселени од областа Матија; Османе (1 к.), Мацуке (1 к.), Калеше (1 к.) и Иде (1 к.) доселеници од околните села. Османе се од Туин, таму припаѓале на родот Баше. Мацуке се од Папрадишта, таму припаѓале на истоимениот род. Калеше се од Ќафа каде имаат истоимени роднини.[7]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

  • Рајцажет - археолошки локалитет, рудник од доцниот среден [8]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Т. Смиљанић, Кичевија, с. 437
  2. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.90-91.
  3. 3,0 3,1 Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.256
  4. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.95.
  5. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  6. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  7. "Кичевска Котлина: Сеоска насеља и становништво - Јован Ф. Трифуноски". Кичево (mk-MK). 2018-05-16. конс. 2018-12-24. 
  8. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]