Попоец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Попоец
Викиекспедиција во Копачка 217.jpg

Поглед на горниот дел од селото

Попоец is located in Македонија
Попоец
Местоположба на Попоец во Македонија
Координати 41°27′34″N 20°48′19″E / 41.45944° СГШ; 20.80528° ИГД / 41.45944; 20.80528Координати: 41°27′34″N 20°48′19″E / 41.45944° СГШ; 20.80528° ИГД / 41.45944; 20.80528
Регион Logo of Southwestern Region, North Macedonia.svg Југозападен
Општина Coat of arms of Kičevo Municipality.png Кичево
Област Копачка
Население 34[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 6261
Повик. бр. 045
Надм. вис. 882 м
Поранешната општина Другово со селските атари.
Drugovo Municipality.svg

Атарот на Попоец во рамките на општината
Commons-logo.svg Попоец на Ризницата


Попоец — село во областа Копачка, во Општина Кичево, сместено на патот помеѓу Кичево и Охрид. До март 2013 година, селото било дел од поранешната Општина Другово, која била споена со Општина Кичево.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Куќи во селото

Селото се наоѓа во областа Копачка, во јужниот дел на територијата на Општина Кичево, на десната страна на патот Кичево-Охрид, во изворишното сливно подрачје на реката Треска.[2] Селото е ридско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 800 до 920 метри.[2]

Селото се наоѓа под превојот Пресека (1.080 метри), а околни села се Малкоец и Иванчишта.[3]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Краста, Пресека, Утово, Голак, Умалишта и други.[3]

Селото е од збиен тип. Се разликуваат повеќе маала, во кои се групирани родовските куќи.[3]

Селото Попоец се наоѓа во областа Горна Копачка, на источните падини на Стогово. Оддалечено е 17,5 километри југозападно од Кичево.

Историја[уреди | уреди извор]

Попоец се смета за едно од поновите села во Кичевската Котлина. По народното предание, Попоец е основано кога и соседното село Малкоец, односно во втората половина на XVIII век.[3]

Основачот на Попоец има исто потекло како основачот на соседното село Малкоец, од сливот на Црн Дрим, негде од околината на Струга. По него било крстено и самото село, а од него потекнуваат сите денешни родови.[3]

Во XIX век, Попоец било село во Кичевската каза, на Отоманското Царство.

Сепак, на атарот на селото се наоѓаат остатоци од стари гробови и црквишта, што укажува дека во дамнината атарот бил населен.[3]

Жителите на селото многу страдале од непријателите во текот на Втората светска војна.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот зафаќа простор од 8,5 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 594 хектари, на пасиштата отпаѓаат 176 хектари, а на обработливото земјиште 85 хектари.[2]

Селото во основа има полјоделско-шумарска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците од 1873 година, селото имало 48 домаќинства со 185 жители христијани (Македонци).[4]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Попоец имало 410 жители, сите Македонци.[5] Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, во 1905 година во Попоец имало 400 жители, егзархисти.[6]

Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Вранештица:[7]

Домаќинства Гурбетчии Писмени Неписмени
мажи жени вкупно мажи жени вкупно
56 16 32 0 32 99 116 215

Попоец било средно по големина село, па преминало во мало село. Така, во 1961 година селото имало 375, а во 1994 година, само 49 жители.[2]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Попоец живееле 34 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[8] 1905[9] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 410 400 397 395 375 267 123 52 49 34
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови[уреди | уреди извор]

Селото Попоец е населено со Македонци христијани. По преданието селото не е многу старо, потекнува од крајот на XVIII век, кога во селото се населил некој поп по кого и го добило името селото. Попот дошол од некое село во Струшко. Сите денешни родови во селото потекнуваат од Попот.[3]

Родови во Попоец се: Божиновци, Павлевци, Костовци и Грујовци.

Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Божиновци (15 к.), Костовци (13 к.), Павлевци (13 к.) и Грујовци (12 к.), сите потекнуваат од основачот на селото и сите слават Свети Никола и Огнена Марија.[11]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Другово.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1950-1955, селото било дел од тогашната Општина Извор, во која покрај селото Попоец, се наоѓале и селата Горна и Долна Душегубица, Ехлоец, Иванчишта, Извор, Кленоец и Малкоец.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 0776 според Државната изборна комисија, сместено во културниот дом.[12]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 17 гласачи.[13] На референдумот во 2018 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 14 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Никола“
Цркви[15]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Попоец

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од селото имало иселување на населението. Родовите Ѓорѓиовци и Стефановци се иселиле во Долно Мелничани во долината на реката Радика. Родот Дојчиноски (1 к.) живеат во селото Слепче, во околината на Прилеп. Родот Велјаноски (1 к.) се иселил во Глогоњ, близу Панчево.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 22 февруари 2019. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 241. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 11 февруари 2019 г. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 89-90. 
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.92-93.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 256.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 154-155.
  7. Стойчева, Станислава. Аспекти на грамотността на българското население в Македония (1878 – 1912), Македонски преглед, година ХХХVІІІ, 2015, кн. 2, с. 75.
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  11. Кичевија - Тома Смиљаниќ (1926) - Кичево“, „Кичево“, 16 мај 2018. (на mk-MK)
  12. „Описи на ИМ“. конс. 22 февруари 2019. 
  13. „Локални избори 2017“. конс. 22 февруари 2019. 
  14. „Референдум 2018“. конс. 22 февруари 2019. 
  15. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  16. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. стр. 877-882. 
  17. 17,0 17,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]