Стојан Стојаноски (Попоец)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Спомен обележје на кое се наоѓа ѝ името на Стојан В. Стојаноски.

Стојан Ванчов Стојаноски ( 1925 во Попоец, Кичевско1944 во Богомила) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Спомен обележје на НОБ во Попоец.

Животопис[уреди | уреди извор]

По завршувањето на основното училиште, поради сиромаштијата бил принуден да се занимава со земјоделие. Определен за борба против фашистичкиот окупатор, во Народноослободителната војска на Македонија стапил во септември 1943 година во Групата баталјони, а со формирањето на Првата македонско-косовска бригада во ноември 1943 година, станал нејзин борец. Со Бригадата заминал за Егејска Македонија каде учествувал во познатиот Богомилски поход. Загинал во февруари 1944 година во борба со бугарските војници.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 129.