Таќо Цветаноски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Таќо Цветаноски
Роден 1917 година
Попоец, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал октомври, 1943 година
Бериково, Кичевско, Македонија под фашистичка окупација.
Националност Македонец

Таќо Митанов Цветаноски ( 1917во Попоец, Кичевско1943во Бериково, Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Спомен обележје на кое се наоѓа ѝ името на Таќо Цветаноски.
Спомен обележје на НОБ во Попоец.

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од селско сиромашно семејство, кое претежно се занимавало со земјоделие. Некое време работел како служител во основното училиште во селото Попоец. Определен за борба против окупаторот, уште во текот на есента 1942 година почнал активно да го помага народно ослободителното движење, а во летото 1943 година стапил во Кичевско-мавровскиот партизански одред. Со одредот учествувал во повеќе борби, а во септември 1943 година, од слободно Кичево со воз бил испратен со воен материјал на Буковиќ каде што била четата за одбрана на слободната територија на Македонија. Бил заробен од балистите и убиен во селото Бериково во октомври 1943 година.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 146.