Тривко Павлески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тривко Павлески
Роден 1922 година
Попоец, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 2 октомври, 1943 година
Кичево, Македонија
Националност Македонец

Тривко Ристов Павлески ( 1922 во Попоец, Кичевско2 октомври 1943 во близина на Кичево) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Споменик од НОБ, на кој е испишано името на Тривко Павлески

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од селско сиромашно семејство кое се занимавало со земјоделство. Окупацијата на Македонија го затекнала во своето село. Согледувајќи ги намерите на окупаторот, се определил за борба и како напреден младинец почнал соработка во воспитните групи. Активно помагал во позадината, а од летото 1943 година заминал партизан во Групата Баталјони. Од слободно Кичево, во септември 1943 година, заедно со својот соселанец и другар, Мирко Милески, заминал на Буковиќ да ја брани слободната територија. По борбата на превојот Буковиќ, повлекувајќи се и држејќи отстапница, загинал на 2 октомври во близината на Кичево.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 97.