Буковиќ (планина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Буковиќ
Буковик
Буковиќ (Тепе) 11.jpg
Поглед на планинското било
Највисока точка
Надм. вис. 1.528 м
Матичен врв Тепе
Координати
Величина
Површина 79 км²
Географија
Буковиќ се наоѓа во Republic of Macedonia
Буковиќ
Местоположба на Буковиќ во Македонија
Место Македонија Македонија
Регион Горно Кичево, Западна Македонија
Матичен венец Сува Гора

Буковиќ или Буковик — средновисока планина во областа Горно Кичево во западна Македонија.

Местоположба и одлики[уреди | уреди извор]

Главното планинско било на Буковиќ со врвот Тепе

Сместена е меѓу Полошката Котлина на север, Кичевската Котлина на југ, планината Бистра на запад и масивот на Добра Вода односно Челоица на исток. Планината е мала по површина, со 79 км2, и понекогаш се смета за дел од масивот на Сува Гора.[1].

Во средишниот дел, Буковиќ има поголем број карстни суводолици и вртачи. Главното било се протега во правец северозапад-југоисток, во должина од околу 10 км. Највисок врв е Тепе, со 1.528 м, а други повисоки врвови се Буковиќ (1.518 м), Чингирли Рид (1.441 м) и Колари (1.425 м). Источниот дел на планината се смета за посебен дел, и се нарекува Корито.

Во орографските описи на книгата Материјали по изучувањето на Македонија од македонскиот револуционер Ѓорче Петров е даден поопширен опис за Буковиќ при што е запишано дека таму каде што Шар Планина свртува кон југозапад, започнува и ниската и гола планина Влаиница, којашто се протега на исток, а како нејзино продолжение е Буковик, висока планина којашто во југоисточен правец се спушта близу до Кичево[2]. Во југоисточниот крај на Влаиница, имено, таму каде што таа се среќава со северниот крај на Бистра (тоа е кај изворот на Зајашка Река), започнува Буковик, којшто свртува на југоисток и завршува на 1,5 часа над Кичево[3]. Буковик е на половина повисок од Влаиница. Билото му е остро. Низ неговата средина има преслап по којшто минува патот Гостивар - Кичево[3]. Северната падина на Буковик е доста налегната. Неговите падини од југ го оградуваат Гостиварското Поле и достигнуваат до самиот Гостивар. По средината таа падина е длабоко пресечена од реката Лакавица. Целата северна страна на Буковик е покриена со дрвја, најмногу букови, од коишто и го добил своето име[3]. Планината е населена со Арнаути, поради што е опасен и страшен за патување[3]. Јужната падина на Буковик од кај Кичевско е помалку налегната. Таа е сосема гола, каменеста и безводна[3]. Како што од северната страна Буковиќ има бодар, дури страшен изглед, од јужната страна од кај Кичевско тој има мрачен и непријатен изглед[3]. Тој служи како вододелница меѓу Вардар преку неговата притока Лакавица и Велика (Треска) преку нејзината притока Зајашка Река[3].

Геологија[уреди | уреди извор]

Геолошки, подината на Буковиќ е составена од палеозојски шкрилци, а врз нив смермерени тријаски варовници со дебелина 200 до 300 м. Поради овие одлики, Буковиќ низ времето доживеал силно скарстување и денес ги има сите карстни облици, вклучувајќи шкрапи, вртачи, ували, карстни полиња, скрастени долови, пештери и пропасти.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

На планината се издвојуваат две природни знаменитости:

  • Запод — карстно поле
  • Убавица (Ѓоновица) — една од најдолгите и забележителните пештери во земјата, заштитена како споменик на природата[4]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Група автори (2016). „Буковиќ“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата. Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 117-118. ISBN 978-9989-110-90-0. http://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2016/12/STUDIJA_PRIRODA.pdf. 
  2. Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски. уред. Материјали по изучувањето на Македонија (2016 издание). Скопје: Единствена Македонија. стр. 18. ISBN 978-608-245-113-8. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски. уред. Материјали по изучувањето на Македонија (2016 издание). Скопје: Единствена Македонија. стр. 44. ISBN 978-608-245-113-8. 
  4. Студија за геодиверзитетот, стр. 172