Иванчо Ќипроски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Иванчо Спасенов Ќипроски ( 1914 во Попоец, Кичевско8 мај 1944 во Попоец, Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Спомен обележје на кое се наоѓа ѝ името на Иванчо Ќипроски.

Животопис[уреди | уреди извор]

По занимање бил земјоделец. Во текот на 1943 година бил организиран од членовите на КПМ од селото и активно помагал со храна, облека, вршел курирска работа и прифаќал илегалци. Во Пролетната офанзива, во мај 1944 година, кога било запалено селото Попоец, балистите го фатиле, го убиле и го фрлиле во оган на 8 мај 1944 година.[1]

Спомен обележје на НОБ во Попоец.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 144.