Долна Душегубица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Долна Душегубица
Викиекспедиција во Копачка 243.jpg

Поглед на селото со автопатот Кичево-Охрид во изградба (во позадина)

Долна Душегубица is located in Македонија
Долна Душегубица
Местоположба на Долна Душегубица во Македонија
Координати 41°30′0″N 20°49′0″E / 41.50000° СГШ; 20.81667° ИГД / 41.50000; 20.81667Координати: 41°30′0″N 20°49′0″E / 41.50000° СГШ; 20.81667° ИГД / 41.50000; 20.81667
Регион Logo of Southwestern Region, North Macedonia.svg Југозападен
Општина Coat of arms of Kičevo Municipality.png Кичево
Област Копачка
Население 11[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 6261
Повик. бр. 045
Поранешната општина Другово со селските атари.
Drugovo Municipality.svg

Атарот на Долна Душегубица во рамките на општината
Commons-logo.svg Долна Душегубица на Ризницата


Долна Душегубица — село во областа Копачка, во Општина Кичево, на патот помеѓу градовите Кичево и Охрид. До март 2013 година, селото било дел од поранешната Општина Другово, која била споена со Општина Кичево.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Копачка, во јужниот дел на територијата на Општина Кичево, во изворишниот дел на реката Треска, а на јужните падини на планината Бистра.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 900 метри. Од градот Кичево е оддалечено 14 километри, а од патот Кичево-Охрид околу 2 километри.[2]

Куќите во ова село се наоѓаат на издигнати тераси, високи над 950 метри. Околни села се: Лавчани, Извор и Кленоец.[3]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Староец, Вирои, Речиште, Круша и други.[3]

Селото има збиен тип. Не постојат маала, бидејќи се работи за мало село.[3]

Сместено е во областа Горна Копачка, во близина на подножјето на Бистра.

Историја[уреди | уреди извор]

Мештаните наведуваат дека Душегубица е старо село. Во историските извори, историчарот М. Пурковиќ претпоставува дека е споменато околу 1300 година, кога е спомената „воденица под Душегубица“.[3]

Други историски извори се турските пописни дефтери од 1476/77 година, кога е споменато под името Душица и имало 53 куќи.[3]

Во месноста Косов Рид се среќаваат руини од стар храм. Селото порано било сместено во месноста Старо Село, кое било напуштено поради насилство.[3]

Во XIX век, Долна Душегубица било село во Кичевската каза, на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот е заеднички со селото Горна Душегубица. Тој зафаќа простор од 19 км². На него преовладуваат пасиштата на површина од 970,8 хектари, на шумите отпаѓаат 823,1 хектар, а на обработливото земјиште само 69,3 хектари.[2]

Селото, во основа, има сточарско-шумарска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Душегубица (Горна и Долна) и Кленоец имало 580 жители, сите Македонци.[4] Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, во 1905 година во Душегубица имало 240 жители, егзархисти.[5]

Инаку, Долна Душегубица е мало село, кое што уште во 1971 година броело 78 жители, а во 1994 година уште помалку, само 15 жители, македонско население.[2]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Долна Душегубица живееле 11 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[6] 1905[7] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 580 240 [б 1] [б 1] [б 1] 80 48 23 15 11
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Родови[уреди | уреди извор]

Долна Душегубица е македонско православно село.[3]

Родови во селото се: Трпевци, Картаровци, Мојсовци, Китановци и уште некои други, сите заедно имаат 59 куќи. Сите се староседелски родови.

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Другово.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1950-1955, селото било дел од тогашната Општина Извор, во која покрај селото Долна Душегубица, се наоѓале и селата Горна Душегубица, Ехлоец, Иванчишта, Извор, Кленоец, Малкоец и Попоец.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во изборното место бр. 0761 според Државната изборна комисија, кое е сместено во селскиот дом во селото Горна Душегубица, во кое влегуваат селата Горна и Долна Душегубица.[9]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 10 гласачи.[10] На референдумот во 2018 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 7 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[12]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од Душегубица имало често иселување на населението. Родот Поповци (2 к.) кон крајот на XIX век преминало во мијачкото село Росоки. Поголеми иселувања имало по Втората светска војна, кога одредени домаќинства се преселиле во пониските кичевски села, како Извор, Другово и Староец. Родот Новевци (2 к.) во 1964 година се иселил во селото Степанци.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Забелешки и наводи[уреди | уреди извор]

Забелешки[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Податоците од населеното место Долна Душегубица, согласно важечките територијални организации за време на пописите од 1948, 1953 и 1961 година, се вклучени во податоците за населеното место Горна Душегубица.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 14 јануари 2019. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 102. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 15 јануари 2019 г. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 93-94. 
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 256.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 154-155.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  9. „Описи на ИМ“. конс. 15 јануари 2019. 
  10. „Локални избори 2017“. конс. 15 јануари 2019. 
  11. „Референдум 2018“. конс. 15 јануари 2019. 
  12. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]