Белица (Кичевско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
За други значења на поимот Белица видете на појаснителната страница
Белица
Белица се наоѓа во Македонија
Белица
Местоположба на Белица во Македонија
Координати 41°24′11″ СГШ 20°56′57″ ИГД / 
Општина Coat of arms of Kičevo Municipality.png Општина Кичево
Население 103 жит.
Надм. вис. 792 м


Белица е село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.[1] Според пописот од 2002 година селото имало население од 103 жители. До март 2013 селото било дел од Општина Другово, која се споила со Кичево.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Традиционална архитектура во Белица
Традиционална архитектура во Белица

Село Белица е едно од најубавите кичевски села, сместено во подножјето на Беличка планина. Живописната природа, локалното население, богатото културно историско минато се причина ова село да е едно од најпознатите и најпосетуваните села во Кичевско.

Селото Белица се наоѓа јужно од градот Кичево, со координати 41 степен и 24 минути северно од екваторот и 20 степени и 56 минути источно од Гринич. Воздушно, селото е оддалечено 12 километри од градот, а патно 17 километри. Се наоѓа на надморска висина од 743 до 773 метри. Во регионот каде се наоѓа Белица владее пријатна умерено континентална клима поволна за одгледување на бројни земјоделски култури од кои најзастапени се пченката и компирот. Оваа клима пријатно годи на овошките како јаболка, црешни, сливи и друго. Регионот на Белица е богат со шуми од кои најзастапен е дабот и борот. Порано селото било доста богато со овци и кози кои броеле неколку илјади од кои денес има останато многу малку. Белица е доста богата со вода и покрај бројните извори се наоѓаат и врелата на две реки кои се слеваат во една и ја образуваат Беличка Река која во близината на село Другово се влива во Велика Река (Треска).

Историја[уреди | уреди извор]

Според податоците од 1873 година, селото имало 60 домаќинства со 240 жители христијани (Македонци).[2] Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 750 жители христијани (Македонци).[3]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 103 жители. Следува табела на националната структура на населението[4]

Националност Вкупно
Македонци 102
Турци 0
Роми 0
Албанци 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
Други 1

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Ѓорѓи“ во Белица
Цркви

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки локалитети[5]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Во селото се одржува мал фудбалски турнир на 26 мај.

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Традиционално, во селото има прослави и собири за:

  • Василица - 14 јануари
  • Водици - 19 јануари
  • Белички средби - средина на јули

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Забележано е иселеништво во Шведска, Норвешка, САД, Австралија и др.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. macedoniaonline.eu (англиски)
  2. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.90-91.
  3. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.256
  4. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  5. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]