Бачишта
Бачишта е село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево. До 2013 година селото било дел од Општина Зајас, која се припоила кон Кичево.
Содржина
Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа на источните слапови на Бистра Планина. Селото се наоѓа на Бачишка Река. Оддалечено е 13 километри северно од Кичево.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век селото е дел од Кичевската каза во Отоманската Империја.
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Бачишта живееле 450 жители, сите Македонци муслимани.[1]
Од другата страна пак, според рускиот филолог Афанасиј Селишчев, селото во 1929 година било означено како словенско.[2]
Историски населението во Бачишта секогаш било македонско. Но кога во 1991 година во селото бил формиран разгранок на ПДП веднаш во училиштето бил бојкотиран македонскиот јазик и насила бил воведен албанскиот. Преку албанските политички структури бил извршен притисок и тогашниот македонски министер за образование дозволил, наместо дотогашниот македонски, во училиштето во Бачиште и официјално да се воведе албанскиот како наставен јазик. Така и ден денес децата учат на албански, додека дома си зборуваат на мајчиниот македонски јазик, а веќе партиско-политички „национално“ се идентификуваат како - Албанци.[3] Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 772 жители Македонци-Муслимани, декларирани како Албанци.
Следува табела на националната структура на населението:[4]
Националност | Вкупно |
Македонци | 1 |
Албанци | 756* |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
Други | 15 |
На табелата е прикажан бројот на населението низ сите пописни години:[5]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 225[6] | 80[7] | 475 | 501 | 527 | 642 | 646 | 685 | 772 |
Родови[уреди | уреди извор]
Бачишта е торбешко село.
Родови во селото се:
- Во маалото Алиовци се овие родови: Исаковци, Арслановци, Ипчевци, Селимовци и Королиовци сите заедно имаат 60 куќи.
- Во маалото Незировци се овие родови: Таманковци, Бајрамовци, Велковци или Велијовци, Браимовци, Ценковци, Папевци, Фејзовци, Бешировци и Зеновци сите заедно имаат 41 куќа. Во еден од овие родови се знае следната генеологија Зеќир (жив на 37 год. во 1961 година) Сефер-Браим-Исо-Усејин-Незир, најсариот познат предок.
- Во маалото Ибраимовци живее родот Ибраимовци (7 к.).
Наведените родови се староседелски.[8]
Личности[уреди | уреди извор]
- Мемед Алија Велиоски - партизан.[3]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 224.
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
- ↑ 3,0 3,1 „Да се откажит от својот јазик јет да се откажит и от сам себе!“, Време, 23 април 2006 (посет. 1 април 2011 г). (на македонски)
- ↑ http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
- ↑ Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.255
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.154-155.
- ↑ „Кичевска Котлина: Сеоска насеља и становништво - Јован Ф. Трифуноски“. Кичево (mk-MK). 2018-05-16. конс. 2018-12-24.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Сателитска снимка на Бачишта на Google Maps.
![]() |
Оваа статија за поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |