Јаворец
Јаворец | |
![]() Поглед на селото | |
Координати 41°31′9″N 20°52′45″E / 41.51917° СГШ; 20.87917° ИГДКоординати: 41°31′9″N 20°52′45″E / 41.51917° СГШ; 20.87917° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Копачка |
Население | 5[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 6261 |
Повик. бр. | 045 |
Надм. вис. | 1028 м |
![]() |
Јаворец (познато и како Јаорец) — село во областа Копачка, во Општина Кичево, во околината на градот Кичево. До март 2013 година, селото било дел од поранешната Општина Другово, која била споена со Општина Кичево.
Содржина
Етимологија[уреди | уреди извор]
Името на селото прв пат е споменато како „Јаворче“ во 1568/69 година во турските дефтери. Името доаѓа од дрвото јавор плус суфиксот -ец.[2]
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Копачка, во јужниот дел на територијата на Општина Кичево, во западниот дел на Кичевската Котлина, во горното сливно подрачје на реката Треска.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 1.000 метри. Од градот Кичево е оддалечено 9 километри.[3]
Куќите на ова мало село се наоѓаат на долинска падина, лево од реката Студенчица. Околни села се Горно Добреноец и Кнежино.[4]
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Трно Слива, Вршец, Цер, Горни Јаорец, Гроб, Велкоа Ливада, Јаорце, Црн Камен, Кобилинец и Конопишта.[4]
Селото има збиен тип. Не постојат маала, бидејќи е мало но сепак има родовско групирање.[4]
Селото Јаворец се наоѓа во областа Горна Копачка.
Историја[уреди | уреди извор]
Јаворец претставува старо село во Кичевско. Под името Јавор се сретнува како дервенџиско село во XV век, кога имало 4 словенски христијански куќи.[4]
Поради некоја причина, селото било напуштено. Денешното село било основано пред 150 години, од страна на три доселеници од некое охридско село, кое повеќе не постои.[4]
Јаворец најпрвин се наоѓало на 1 километар погоре од денешната положба, во месноста Горни Јаорец. За да бидат жителите поблизу до долината на Студенчица го преместиле селото подолу.[4]
Во XIX век, Јаворец било село во Кичевската каза, на Отоманското Царство.
Во текот на Втората светска војна, балистите од Зајас, Колари и Грешница одзеле 1.500 кози и овци од селото.[4]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Атарот е мал и зафаќа простор од 6,4 км². На него преовладуваат шумите на површина од 476 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 94 хектари, а на пасиштата само 32 хектари.[3]
Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[3]
Население[уреди | уреди извор]
Според податоците од 1873 година, селото имало 14 домаќинства со 55 жители христијани (Македонци).[5]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Јаворец имало 160 жители, сите Македонци.[6] Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, во 1905 година во Јаворец имало 176 жители, егзархисти.[7]
Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Јаворец:[8]
Домаќинства | Гурбетчии | Писмени | Неписмени | ||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
мажи | жени | вкупно | мажи | жени | вкупно | ||
26 | 10 | 2 | 0 | 2 | 61 | 70 | 131 |
Селото е мало, кое што во 1961 година броело 139 жители, а во 1994 година само седум жители, македонско население.[3]
Според последниот попис од 2002 година, во селото Јаворец живееле 5 жители, сите Македонци.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[9] | 1905[10] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 160 | 176 | 172 | 193 | 139 | 142 | 18 | 9 | 7 | 5 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови[уреди | уреди извор]
Јаворец е чисто македонско православно село. Јаворец потекнува од ХVIII век, тогаш го основале доселеници од раселеното село Јаорец во Дебарца, тоа село се наоѓало помеѓу селата Велмеј и Брежани, но во атарот на селото Велмеј.
Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се: Милошевци (10 к.), Трајановци (7 к.) и Илиовци (6 к.), потекнуваат од тројца браќа Милош, Трајан и Илија кои се доселиле од раселеното село Јаорец. Постои традиција дека еднаш населението од селото Јаорец се истепало и искарало и затоа пропаднало селото, едни дошле во Кичевско каде го основале селото Јаворец, а други отишле во селото Велмеј (Иљовци и Андреевци). Во родот Трајановци се знае следната генеологија Дејан (жив на 62 год. во 1961 година) Исо-Штерјо-Дејан-Трајан кој се доселил.[4]
Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Гроздановци (10 к.), Костевци (10 к.), Димовци (5 к.) и Илијовци (3 к.), дојдени од Охридско или од Галичник.[12]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Другово.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Другово, во која покрај селото Јаворец, се наоѓале и селата Горно Добреноец, Долно Добреноец, Другово, Лавчани, Манастирско Доленци, Подвис, Пополжани и Србјани. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната Општина Подвис.
Изборно место[уреди | уреди извор]
Селото е опфатено во изборното место бр. 0762 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште во селото Горно Добреноец. Во изборното место влегуваат селата Горно Добреноец и Јаворец.[13]
На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 45 гласачи.[14] На референдумот во 2018 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 40 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви[16]
- Црква „Св. Никола“ — главна селска црква.
- Реки[17]
- Студенчица — лева притока на Треска
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Родот Стрезовци (4 к.) се иселил во кичевското село Челопек. По Втората светска војна се иселиле 13 домаќинства, кои се иселиле во низинските предели, како Другово (5 к.), Староец (4 к.) и Кичево (4 к.).[4]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 25 јануари 2019.
- ↑ Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р. Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 97.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 138. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 25 јануари 2019 г.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 4,8 Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 82-83.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.90-91.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 256.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 154-155.
- ↑ Стойчева, Станислава. Аспекти на грамотността на българското население в Македония (1878 – 1912), Македонски преглед, година ХХХVІІІ, 2015, кн. 2, с. 75.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Кичевија - Тома Смиљаниќ (1926) - Кичево“, „Кичево“, 16 мај 2018. (на mk-MK)
- ↑ „Описи на ИМ“. конс. 25 јануари 2019.
- ↑ „Локални избори 2017“. конс. 25 јануари 2019.
- ↑ „Референдум 2018“. конс. 25 јануари 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 69. ISBN 978-9989-2117-6-8. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Реките_во_Македонија.pdf?uselang=mk.