Трапчин Дол
Трапчин Дол | |
Поглед кон селото и селската џамија. | |
Координати 41°33′33″N 20°57′43″E / 41.55917° N; 20.96194° EКоординати: 41°33′33″N 20°57′43″E / 41.55917° N; 20.96194° E | |
Општина | ![]() |
Население | 914 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | 12073, 12573 |
Надм. вис. | 624 м |
![]() |
Трапчин Дол — село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото Осломеј се наоѓа во областа Горно Кичево, на реката Темница, на 8 километри северно од Кичево.
Историја[уреди | уреди извор]
Старото име на селото било Трајчев Дол. До крајот на XVIII век селото било населено со брсјачко македонско население, кое било приморано да се исели поради нападите од Зајас. Албанците се населиле во XIX век.
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Трапчин Дол живееле 105 жители, сите Албанци.[1]
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 914 жители, од кои:[2]
Националност | Вкупно |
Македонци | 2 |
Албанци | 896 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
Други | 16 |
На табелата е прикажан преглед на населението во сите пописни години:[3]
Година | 1900 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 105[1] | 381 | 404 | 459 | 578 | 737 | 724 | 914 |
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборното место бр. 757 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[4]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 741 гласачи.[5]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.256
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Сателитска снимка на Трапчин Дол на Карти на Google
![]() |
Оваа статија за за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |