Атишта

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Атишта
Атишта is located in Македонија
Атишта
Местоположба на Атишта во Македонија
Координати 41°27′11″N 21°2′21″E / 41.45306° СГШ; 21.03917° ИГД / 41.45306; 21.03917Координати: 41°27′11″N 21°2′21″E / 41.45306° СГШ; 21.03917° ИГД / 41.45306; 21.03917
Општина Coat of arms of Kičevo Municipality.png Кичево
Население 31 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 650 м


Атишта е село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Село Атиша се наоѓа лево од регионалнио пат Кичево - Вранештица на одалеченост од 2 км и надморска висина од 650 метри. Од Кичево се стигнува по 10 км асфалтен пат. Селото е рамничарско-ридскопланинско, сместено под северозападната падина на планината Баба Сач.

Историја[уреди | уреди извор]

Со точност староста на населбата не е утврдена. Постојат поделени мислења што на крај се сведуваат на легенди за потеклото. Дистанцирајки се од легендите денес со сигурност може да се каже само дека во непосредна близина на црквата во с. Атишта кај месноста Арбанацинец постоела населба од доцноантичкото време. Материјални докази постојат но ископувања не се вршени[1].

Според податоците од 1873 година, селото имало 11 домаќинства со 50 жители христијани (Македонци).[2]

Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училишен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Атишта:[3]

Домаќинства Гурбетчии Писмени Неписмени
мажи жени вкупно мажи жени вкупно
13 15 14 1 15 22 33 55

Економија[уреди | уреди извор]

Атарот на с. Атишта располага со 218 хектари аграрна површина од кои 60 хектари се обработливи, 12 хектари се пасишта а 145 хектари се шуми. На обработливото земјиште се одгледуваат најмногу житни култури ( пченица, јачмен и пченка). Овоштарници на поголема површина има од слива и јаболко. Сточарството е застапено со одгледување овци, кози и свињи. Најголем дел од производите се за сопствена потреба. Основен егзистенцијален приход на населението е пензија.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Атишта живееле 80 жители, сите Македонци.[4]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Атишта имало 120 Македонци, егзархисти.[5]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 31 жители. Следува табела на националната структура на населението[6]

Националност Вкупно
Македонци 31
Турци 0
Роми 0
Албанци 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
Други 0

На табелата е прикажан бројот на населението низ сите пописни години:[7]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 80[4] 120[5] 101 100 109 72 55 31 41 31

Родови[уреди | уреди извор]

Селото Атишта е македонско православно село, во Атишта нема староседелски родови. Родовите се делат на доселеници со познато место на старина и доселеници со непознато место на старина.[8]

Доселеници со познато место на старина се: Василевци (6 к.) доселени се од некое село во Прилепско во XIX век; Ѓуревци (1 к.) доселени се од некое село во околината на Скадар, доселени се исто така во XIX век; Стефановци (1 к.) потекнуваат од домазет кој бил доселен од селото Кладник; Трајковци (2 к.) доселени се од Прилепско и Трпевци (1 к.) доселени се од селото Лисичани во 1912 година.

Родови со непознато место на старина: Павлевци (4 к.); Мицковци (2 к.); Николовци (2 к.); Наумовци (2 к.); Стојановци (1 к.), ова се многу стари доселеници па затоа местото на старина е заборавена.

Општествени институции[уреди | уреди извор]

  • Црква „Св. Димитрија“ - Атишта - црквата во село Атишта е посветена на Св.Димитирја, во која интересен е фактот дека само тука се сретнуваат икони кои ги нема низ другите цркви низ Македонија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  2. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.92-93.
  3. Стойчева, Станислава. Аспекти на грамотността на българското население в Македония (1878 – 1912), Македонски преглед, година ХХХVІІІ, 2015, кн. 2, с. 76.
  4. 4,0 4,1 Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.257
  5. 5,0 5,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.154-155.
  6. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  7. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  8. Ф., Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина : сеоска насеља и становништво. Izdanje autora]. OCLC 18500423. http://worldcat.org/oclc/18500423. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]