Иванчишта

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Иванчишта
Викиекспедиција во Копачка 178.jpg

Панорамски поглед на селото Иванчишта

Иванчишта is located in Македонија
Иванчишта
Местоположба на Иванчишта во Македонија
Координати 41°27′42″N 20°47′30″E / 41.46167° СГШ; 20.79167° ИГД / 41.46167; 20.79167Координати: 41°27′42″N 20°47′30″E / 41.46167° СГШ; 20.79167° ИГД / 41.46167; 20.79167
Регион Logo of Southwestern Region, North Macedonia.svg Југозападен
Општина Coat of arms of Kičevo Municipality.png Кичево
Област Копачка
Население 29[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 6261
Повик. бр. 045
Надм. вис. 1.070 м
Поранешната општина Другово со селските атари.
Drugovo Municipality.svg

Атарот на Иванчишта во рамките на општината
Commons-logo.svg Иванчишта на Ризницата


Иванчишта — село во областа Копачка, во Општина Кичево, во околината на градот Кичево. До март 2013 година, селото било дел од поранешната Општина Другово, која била споена со Општина Кичево.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Копачка, во јужниот дел на територијата на Општина Кичево, во југозападниот дел на Кичевската Котлина, во изворишното сливно подрачје на реката Треска, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Дебарца.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 1.070 метри. Од градот Кичево е оддалечено 18 километри, а од патот Кичево-Охрид околу 1 километар.[2]

Иванчишта е сместено десно од некогашната железничка линија со тесен колосек Кичево-Охрид, сместено на планинска падина. Низ селото тече Иванчишка Река, на која се наоѓале воденици.[3]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Крстине, Гроб, Љуто’ечки Камен, Митрев Аргач, Кремен, Три Гробо‘и Еѓупски, Метеризи, Божина Ра‘ен, Трпев Гроб, Русе’и Кошари, Долни Ехли, Под Сукало, Умалишта, Дабче’и Градишта, Танаскоски Забел и Матешки Камен.[4]

Селото има збиен тип. Не постојат маала, иако има родовско групирање на куќите.[3]

Селото се наоѓа во областа Горна Копачка, на планината Стогово.

Историја[уреди | уреди извор]

Улица во селото со стари куќи во традиционална архитектура

Тука постоело стара населба, но со текот на времето, жителите се менувале. Остатоци од старото население се црквиштата и гробиштата.[3]

Во историските списи прв пат е споменато како Иваништа во 1476/77 година како дервенџиско село со 15 куќи.[3]

Народното предание вели дека селото било подложно на турски напади поради близината на патиштата Кичево-Охрид и Кичево-Дебар.[3]

Во XIX век, Иванчишта било село во Кичевската каза, на Отоманското Царство.

За време на Илинденското востание, селото Иванчишта е изгорено и ограбено од 150 души башибозук и 200 души редовен аскер.[5]

Селото настрадало и од балистите за време на Втората светска војна.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот зафаќа простор од 16 км². На него преовладуваат шумите на површина од 750 хектари, на пасиштата отпаѓаат 595 хектари, а на обработливото земјиште 197 хектари.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците од 1873 година, селото имало 17 домаќинства со 62 жители христијани (Македонци).[6]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Иванчишта имало 336 жители, сите Македонци.[7] Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, во 1905 година во Иванчишта имало 320 жители, егзархисти.[8]

Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Иванчишта:[9]

Домаќинства Гурбетчии Писмени Неписмени
мажи жени вкупно мажи жени вкупно
63 53 36 9 45 141 158 299

Во 1961 година, Иванчишта било средно село по големина со 388 жители, а во 1994 година, по пат на иселување на населението, преминало во мала населба со 57 жители, македонско население.[2]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Иванчишта живееле 29 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[10] 1905[11] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 336 320 434 438 388 286 157 57 57 29
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови[уреди | уреди извор]

Иванчишта е македонско православно село.

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се: Јанчевци, Гајтановци, Ѓоновци, Кацуровци и Џвановци. Сите заедно имаа 80 куќи. Првите четири родови се сметаат како родови со непознато потекло, додека родот Џвановци водат потекло од селото Жван.[3]

Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Јанчевци (26 к.), Гајтановци (9 к.), Ѓоновци (15 к.), сите не си го знаат потеклото; Кацуровци (3 к.); Џвановци (18 к.), доселени од селото Жван.[4]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Споменикот на НОБ во селото
  • Поранешна пошта

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Другово.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1950-1955, селото било дел од тогашната Општина Извор, во која покрај селото Иванчишта, се наоѓале и селата Горна и Долна Душегубица, Ехлоец, Извор, Кленоец, Малкоец и Попоец.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 0767 според Државната изборна комисија, сместено во приватен објект.[13]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 12 гласачи.[14] На референдумот во 2018 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 11 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[16]
Споменици
Реки[17]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Иванчишта

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од селото имало повремено иселување на населението. Родот Ивановци (13 к.) во кичевското село Премка е доселен од Иванчишта. По Втората светска војна, иселувањата започнале кон градовите Кичево и Скопје.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 21 јануари 2019. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 134. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 21 јануари 2019 г. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 94-95. 
  4. 4,0 4,1 Кичевија - Тома Смиљаниќ (1926) - Кичево“, „Кичево“, 16 мај 2018. (на mk-MK)
  5. Македония и Одринско (1893-1903). Мемоар на Вътрешната организация, 1904, с. 152.
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.92-93.
  7. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 256.
  8. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 154-155.
  9. Стойчева, Станислава. Аспекти на грамотността на българското население в Македония (1878 – 1912), Македонски преглед, година ХХХVІІІ, 2015, кн. 2, с. 75.
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  13. „Описи на ИМ“. конс. 21 јануари 2019. 
  14. „Локални избори 2017“. конс. 21 јануари 2019. 
  15. „Референдум 2018“. конс. 21 јануари 2019. 
  16. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  17. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 29. ISBN 978-9989-2117-6-8. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Реките_во_Македонија.pdf?uselang=mk. 
  18. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. стр. 877-882. 
  19. 19,0 19,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. стр. 883-887. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]