Ило Лазарески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ило Лазарески
Роден 1920 година
Иванчишта, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 2 октомври, 1943 година
Сеферов Бунар, во близина на Кичево, Македонија
Националност Македонец

Ило Тејков Лазарески ( 1920 во Иванчишта, Кичевско2 октомври 1943 во близина на Кичево) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Спомени од НОБ во селото Иванчишта, на кој се наоѓа и името на Ило Лазарески.

Животопис[уреди | уреди извор]

Се занимавал со земјоделство и сточарство. Бил мобилизиран во италијанската војска во пролетта 1943 година и бил однесен во Албанија од каде побегнал. Се вратил во своето родно село и по кусо време заминал партизан во редовите на Кичевско-мавровскиот партизански одред. Со Одредот учествувал низ повеќе борби на кичевскиот терен. Загинал во борбите за одбрана на слободната територија ѝ слободно Кичево, на 2 октомври кај месноста Сеферов Бунар во близината на Кичево.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 77.