Прејди на содржината

Девчо Ристески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Девчо Ристески
Роден 1917 година
Иванчишта, Кичевско, Македонија под окупација на Србија
Починал април, 1945 година
Врпоље, Хрватска
Националност Македонец

Девчо Ташков Ристески ( 1917 во Иванчишта, Кичевско1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Потекнувал од селско сиромашно семејство. Уште како млад бил принуден да работи земјоделски работи. Работел извесно време на патот Извор-Јама - Дебар, каде учествувал во штрајкот на патарските работници во 1942 година. Во летото 1943 година стапил во Кичевско-мавровскиот партизански одред. Со Одредот учествувал во повеќе акции низ Кичевско. Во септември 1943 година, со четата на комесарот Мирко Милески, заминал на Буковиќ да ја брани слободната територија, каде е тешко ранет, но успеал да се извлече. Во зимата 1943 година ги излекувал добиените рани и во 1944 година повторно се приклучил во Првата македонска бригада. Со Бригадата учествувал во борбите за ослободувањето на Македонија и Југославија. Загинал на Сремскиот фронт во пробојот кај Врпоље во април 1945 година.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 107.