Мето Петровски
Изглед
| Мето Петровски | ||
| Роден | 1935
Иванчишта, Кичевско, Кралство Југославија (денешна | |
|---|---|---|
| Починал | 22 август 2019
Скопје, | |
| Националност | Македонец | |
| Занимање | режисер снимател | |
Мето Петровски — македонски снимател, филмски и телевизиски режисер, роден во 1935 година во с.Иванчишта, Кичевско. Завршил Филмска школа во Белград, на отсекот за филмски снимател, а специјализирал во Загреб.
Режирал повеќе од 60 документарни и кусометражни филмови и многу телевизиски емисии. Се вработил во Вардар Филм и како режисер дебитирал со докуменатарниот филм „Селидби“.[1] Со документарниот филм „Вирово“ учествувал на Филмскиот фестивал во Кан, Франција.
Добитник е на наградата Златен медал на фестивалот за краток филм во Белград, Србија и други награди и признанија.[2]