Билбил Секулоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Билбил Секулоски
Роден 1918 година
Иванчишта, Кичевско, Македонија под окупација на Србија
Починал април, 1945
Врпоље, Хрватска
Националност Македонец

Билбил Стојанов Секулоски ( 1918 во Иванчишта, Кичевско1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

По завршувањето на основното училиште, некое време се занимавал со земјоделие, а потоа работел во жандармеријата. По окупацијата работел како карабинер во италијанската карабинерија. Членовите на КПМ од селото и теренот постојано ја следеле неговата работа и се обидувале да му ги предочат целите на окупаторската власт. По капитулацијата на фашистичка Италија, се определил за борба против окупаторот. Еден период работел во Скопје, а од пролетта 1944 година, стапил во Народноослободителната војска на Македонија. Учествувал во завршннте борби во Западна Македонија, а потоа во состав на Петнаесеттиот корпус, заминал на Сремскиот Фронт каде загинал при пробојот кај Врпоље во април 1945 година. Во борбите на Сремскиот фронт се истакнал како храбар борец и загинал во улога на командир на чета.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 108.