Таќо Симјаноски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Таќо Симјаноски
Роден 1918 година
Иванчишта, Кичевско, Македонија под окупација на Србија.
Починал април, 1945 година
Гарешница, Хрватска
Националност Македонец

Таќо Милошов Симјаноски ( 1918 во Иванчишта, Кичевско1945 во Гарешница, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од многу сиромашно семејство. Бил принуден да чува овци и да работи најтешки земјоделски работи. Увидувајќи ги целите на фашистичкиот окупатор, се определил за борба против него. Во летото 1943 година, преку воспитните групи во селото бил вклучен во НОВ во Групата баталјони. Со заминувањето на Бригадата за Егејска Македонија, останал во своето село, а пролетта повторно бил во Бригадата. Учествувал во повеќе борби низ Западна Македонија, а есента 1944 година заминал на Сремскиот Фронт каде загинал при пробојот кај местото Гарешница (старо име:Кајгана) во април 1945 година.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 113.