Од Википедија — слободната енциклопедија
За други значења на поимот Дебрца , видете на појаснителната страница .
За центар на својата Општина Дебрца, видете Белчишта .
Општина Дебрца Општина
Знаме
Грб
Држава Македонија Седиште Белчишта Населени места
Список
Селата: Арбиново , Белчишта , Ботун , Брежани , Велмеј , Волино , Врбјани , Годивје , Горенци , Горно Средоречие , Грко Поле , Долно Средоречие , Злести , Издеглавје , Климештани , Лактиње , Лешани , Мешеишта , Мраморец , Ново Село , Оздолени , Оровник , Песочани , Слатино , Слатински Чифлик , Сливово , Сошани , Требеништа , Турје и Црвена Вода
Управа • Градоначалник Зоран Ногачески Површина • Вкупна 425,39 км2 (164,24 ми2 ) Население (2021) [1] • Вкупно 3.719 • Густина 8,7/км2 (23/ми2 ) Часовен појас CET (UTC+01:00 ) • Лете (ЛСВ ) CEST (UTC+02:00 )Повикувачки број +046 Регистарски таблички OH Мреж. место debrca.gov.mk
Општина Дебрца — општина во западниот дел на Македонија . Општината е создадена согласно законот за територијална поделба од 2004 година на 12 април 2005 година со спојување на општините Белчишта и Мешеишта . На север граничи со Општина Кичево (порано Општина Другово ), на југ со Општина Охрид , на исток со Општина Демир Хисар , а на запад со Општина Струга . Центар на општината е селото Белчишта . Општина Дебрца е единствена општина во Македонија која не е именувана по општинскиот центар, туку по географската област.
Општина Дебрца се наоѓа во југозападна Македонија . Околни Општини, кои граничат со Општина Дебрца се:
Главно населено место во општината е селото Белчишта .
Карта на Општина Дебрца со селските атари.
Демографска карта на Општина Дебрца со селските атари.
Дебрца има важна улога за време на НОБ . На 18 август 1943 година, на Славеј Планина , Дебрца, е формиран првиот македонски баталјон „Мирче Ацев “, а на 11 ноември истата година во селото Сливово е формирана Првата македонско-косовска ударна бригада . Во селото Црвена Вода , пак, во месец ноември 1943 година е формиран Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ .
Население во минатото Година Нас. ±% 1948 16.031 — 1953 17.047 +6.3% 1961 15.857 −7.0% 1971 12.991 −18.1% 1981 10.593 −18.5%
Година Нас. ±% 1991 8.061 −23.9% 1994 6.272 −22.2% 2002 5.507 −12.2% 2021 3.719 −32.5%
Забелешка: Податоците се однесуваат на населените места во Општина Дебрца според административната поделба од 2004 година. Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија
Според пописот од 2002 година, општината имала население од 5.507 жители, од кои
Градоначалник на Општина Дебрца е Зоран Ногачески од редовите на СДСМ . Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[2] Советот на Општина Дебрца е составен од 11 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:
СДСМ: 6 места
ВМРО-ДПМНЕ: 4 места
Независни: 1 место
Културни и природни знаменитости [ уреди | уреди извор ]
Манастир „Сите Свети“ во село Лешани.