Сливово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сливово
Сливово is located in Македонија
Сливово
Местоположба на Сливово во Македонија
Координати 41°24′20″N 20°50′42″E / 41.40556° СГШ; 20.84500° ИГД / 41.40556; 20.84500Координати: 41°24′20″N 20°50′42″E / 41.40556° СГШ; 20.84500° ИГД / 41.40556; 20.84500
Регион Дебарца
Општина Coat of arms of Debarca Municipality.svg Дебарца
Население 16 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 6346
Надм. вис. 1.084 м. м
Сливово на општинската карта
Сливово во Општина Дебарца.svg

Атарот на Сливово во рамките на општината

Сливово — село во Општина Дебарца, во областа Дебарца, во близина на патот Кичево - Охрид.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Во околината на селото имало многу Сливи, и отука дошло името на селото Сливово, или Сливоо, по месниот дијалект.[1]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Сливово се наоѓа во областа Дебарца, на северозападните падини на Илинска Планина. Оддалечено е 30 километри јужно од Кичево и 37 километри северно од Охрид. Атарот на селото Сливово граничи со атарите на следните села: од западната страна со селата Врбјани и Годивје, од северната страна со селата Малкоец и Јудово, од источната страна со селото Турје, и од јужната страна со селата Мраморец и Арбиново.

Месностите во атарот на селото се следните, во шумскиот дел на селото: Капалиште, Храсјен, Турјанска чешма, Попој нивје, Ќосарица, Голак, Спаси камен, Калуѓерец, Мачерник, Фурна, Али чука, Папрадиште, Црни врв, Топачери, Мајчи круша, Преспол, Милошев рид и Кочерид.

Во деловите каде има обработена земја се месностите: Попоа водејнца, Лениште, Клодорама, Св. Никола, Странка, Брце ( горно и долно), Гола глава, Лагон, Турски кладенец, Длага, Слогојне, Трапишта, Бел пат, Кошари пелиор, Врчало, Камен, Печи Змија, Гуска и Осоји.

Куќите во селото се од збиен тип, и во селото има 3 маала: Горно, Долно и Средно маало.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Селото за прв пат се спомнува во пописниот дефтер од 1582 година, кога припаѓа на Охридскиот санџак, нахија Дебарца. За претходна локација на селото се спомнува дека била во месноста Св. Никола, која лежела југозападно од денешната положба на селото, но поради турските пљачкаши селото најпрво се поместило во месноста Јакоски куќи. Таму Сливово се наоѓало околу 1800та. Но поради пљачкаши и од таму се поместила, па селото е преместено на денешната местоположба.[3]

Во текот на своето бурно минато, селото е на 2 пати палено до темел. Во текот на Илинденското востание во селото се запалени 70 куќи, 93 кошари и плевни, 1 воденица, 1 црква и 1 училиште.

Според податоците од 1873 година, селото имало 80 домаќинства со 218 жители христијани (Македонци).[4]

На 11 септември 1944 година во Сливово била формирана Првата македонско-косовска ударна бригада.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Сливово имало 400 жители, сите Македонци христијани.[5]

По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Сливово имало 480 жители.[6]

Според пописот од 2002 година, во селото Сливово живеат 16 жители, сите Македонци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:[8]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 400[5] 480[6] 489 463 332 194 70 35 24 16

Родови[уреди | уреди извор]

Сливово е македонско село


Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1948 година, родови во селото Сливово се:

  • Староседелци: Митрушковци (10 куќи) живеат во Горно Маало, слават Варвара и Преображение; Ѓурковци (10 куќи) живеат во своето маало, слават Варвара и Преображение, помеѓу нив има некој Мијак, посинет од Галичник од Ѓиновци; Вељановци или Прензовци (6 куќи) живеат во свое маало, слават Варвара и Преображение; Распоповци (11 куќи) живеат во свое маало, слават Варвара и Преображение; Смилевци (11 куќи) и Богдановци (4 куќи) се еден род, живеат во свое маало, слават Варвара и Преображение; Шолаковци или Аврамовци (8 куќи) живеат во свое маало, слават Варвара и Преображение; Чалевци со Димчевци и Андревци, и Белчевци (10 куќи) се еден род, и живеат во свое маало, слават Варвара и Преображение.
  • Со непознато потекло се: Димчевци (4 куќи) и Симоновци (9 куќи) се два посебни рода, некои за нив велат дека се староседелци и далечни деленици од некои од староседелските родови, живеат во свои краеви во селото и двата рода слават Варвара и Преображение.[1]


Според истражувањата пак на Јован Трифуноски во 1979 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Биљановци (5 к.) и Смилевци (4 к.).
  • Доселеници: Дуртановци (6 к.) доселени се поради убиство од некое село во околината на Гостивар. Од Гостиварско тргнале тројца браќа Џемуш, Чале и Камбер, првите двајца се населиле во Сливово додека Камбер се населил во Лактиње, од него таму се Камберовци (4 к.), еден предок подоцна од Дуртановци се населил во селото Тајмиште, каде го основал родот Ѓоршовци. Во Дуртановци ја знаат следната генеологија Цветан (жив на 73 год. во 1979 година) Стојан-Јован-Симон-Дуртан-Џемуш, по предокот Дуртан го носат името Дуртановци; Распоповци (2 к.) не го знаат местото од каде се доселиле. Во овој род бил свештеникот Трајан на кого му умрела жената и за да може повторно да се ожени тој се распопил; Белчевци (3 к.) се доселени од сега веќе раселеното село Белче кое постоело во атарот на селото Мраморец.[9]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Дебарца, која се создала во 2004, по спојувањето на поранешните општини Белчишта и Мешеишта. Во периодот 1996-2004 селото влегувало во рамките на Општина Белчишта.

Во периодот од 1965 од 1996, селото било во рамките на големата Општина Охрид.

Во периодот од 1952-1955 селото било главно седиште на Општина Сливово. Во Општина Сливово, покрај селото Сливово, влегувале и селата Врбјани, Годивје, Лактиње, Арбиново, Мраморец и Турје. Во периодот 1950-1952 селото било седиште на Општина Сливово, во која покрај село Сливово припаѓале и селата Арбиново, Мраморец и Турје.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборно место бр. 1328 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште с.Сливово.[10]

На референдумот во 2018 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 4 гласачи.

Религија и култура[уреди | уреди извор]

Цркви[11]
Археолошки локалитети[12]

Личности[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Во селото Миокази е родот Ќосевци (4 к.). Родовите Тасевци (2 к.) и Маљуковци (1 к.) се отселени во Тајмиште.[17] Во селото Десово се отселени родовите Мицковци (1 к.) и Петковци (2 к.), првите доселени таму 1923 година, а вторите 1925 година. Во селото Дупјачани е родот Сливовци (2 к.) доселен таму 1926 година.[18] Во селото Врбјани е родот Дошлаковци (7 к.), таму отселени 1850 година. Во Ново Село е родот Прензовци, во Ново Село се населиле средината на XIX век. Во селото Велмеј е истоимен род и во Слатински Чифлик е родот Србиновци (1 к.)[19] отселен таму 1922 година.

После втората светска војна населението почнува да се иселува во градовите и селото Љубојно. Иселеници има во: Охрид (50 к.), Скопје (30 к.), Кичево, Струга, Битола и Прилеп. Во Љубојно се отселени Јовановци во 1950-тите и на многу други места. Надвор од Македонија иселеници има во Австралија.

Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до 1948:


Родот Распашновци (2 к.) иселени се во Граиште, Железник во 1857 година.[1]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 . Архив МАНУ Фонд „ Бранислав Русиќ “ АЕ 89/1. „ Дебарца “ Сливово. 
  2. Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 298. 
  3. Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 299. 
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873. София: Македонски научен институт. 1995. стр. стр.102-103. 
  5. 5,0 5,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 253.
  6. 6,0 6,1 Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne. Avec deux cartes ethnographiques, Paris, 1905, pp. 162-163.
  7. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  8. „Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)“. Државен завод за статистика. 
  9. Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област. Белград: САНУ. 
  10. User, Super. „МОЈОТ ИЗБОР - Описи на избирачки места“. mojotizbor.mk. конс. 2018-11-11. 
  11. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  12. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. ISBN 9989649286. 
  13. 13,0 13,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. 
  14. 14,0 14,1 14,2 14,3 14,4 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II.. Скопје: Државен архив на Република Македонија. 
  15. 15,0 15,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. 
  16. 16,0 16,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. 
  17. Ф., Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина : сеоска насеља и становништво. Izdanje autora]. OCLC 18500423. http://worldcat.org/oclc/18500423. 
  18. 1914-1997., Trifunoski, Jovan F., (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања. Srpska akademija nauka i umetnosti. ISBN 8670252678. OCLC 469501519. http://worldcat.org/oclc/469501519. 
  19. Ф., Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Srpska akademija nauka i umetnosti. ISBN 8670251582. OCLC 27418468. http://worldcat.org/oclc/27418468. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]