Општина Росоман
| Општина Росоман | |||
|---|---|---|---|
| Општина | |||
Седиштето на општината | |||
| |||
![]() | |||
| Држава | Македонија | ||
| Регион | Вардарски | ||
| Основана | 1913 (во рамки на Кралство Србија), 1996 | ||
| Седиште | Росоман | ||
| Населени места | Список
| ||
| Управа | |||
| • Градоначалник | Ѓорѓи Крстевски (ВМРО-ДПМНЕ) | ||
| Површина | |||
| • Вкупна | 132,9 км2 (51,3 ми2) | ||
| Население (2021)[1] | |||
| • Вкупно | 3.796 | ||
| • Густина | 29/км2 (74/ми2) | ||
| Час. појас | CET (UTC+01:00) | ||
| • Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02:00) | ||
| Повикувачки број | +043 | ||
| Регистарски таблички | KA | ||
| Мреж. место | opstinarosoman.gov.mk | ||


Општина Росоман — општина во централниот дел на Република Македонија. Градоначалник е Ѓорѓи Крстевски. Општинско седиште е селото Росоман. Создадена е со одделување од Општина Кавадарци во 1996 г. иако постоела како независна општина и во 1950-тите.
Географија
[уреди | уреди извор]Росоман е една од помалите рурални општини и се наоѓа во средишниот дел на Македонија. Според апсолутната надморска височина, таа се вбројува во една од најниските општини во Македонија. Атарите на населбите се распространети во Росоманското Поле, односно во долното течение на Црна Река, која поминува точно низ средишниот дел на територијата на општината. Има правец на протегање североисток-југозапад. Од североисток се граничи со Општината Неготино, од исток, на југ и југоисток со Општината Кавадарци, од југозапад со Општината Чашка и од северозапад со Општината Градско. Низ општинското седиште Росоман поминува патниот правец Р-106 кој, преку Прилеп и Битола води за Охрид, а до сите населби постојат локални асфалтирани патишта кои водат за Скопје.
Демографија
[уреди | уреди извор]Општината Росоман се состои од 10 населби. Сите се низински, освен населбата Мрзен Ораовец, која се наоѓа на апсолутна надморска височина од 570 м.
Во општината живеат 4.141 жител, од кои 3.694 (89 %) се Македонци, 409 (10 %) се Срби итн. Густината на населеност изнесува 31 жит./км2, со што таа се вбројува во ретко населените општини во Македонија. Во споредба со 1994 година, бројот на жителите во општината е намален за 259 (5,9 %).
- Вкупниот број на домаќинства изнесува 1.284, односно во секое домаќинство живат по 3,2 жители. Вкупниот број на станови изнесува 1.663, односно во секој стан живеат по 2,5 жители. Во централната населба Росоман живеат 2.554 жители, односно близу 62% од вкупното население во општината.[2]
| Вероисповед | Вкупно |
| православни | 4.111 |
| муслимани | 6 |
| католици | 1 |
| протестанти | 0 |
| останати | 23 |
| Јазик | Вкупно |
| македонски | 3.894 |
| албански | 0 |
| турски | 0 |
| ромски | 5 |
| влашки | 0 |
| српски | 215 |
| бошњачки | 0 |
| останати | 25 |
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Градоначалник на општина Росоман е Ѓорѓи Крстевски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бил избран на локалните избори од 2025 година за мандат од четири години.[3]
Согласно одлука на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 9 члена.[4]
Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Во Росоман има еден фудбалски клуб, „ФК Росоман 83“, којшто се натпреварува во Третата македонска лига.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
- ↑ „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.[мртва врска]
- ↑ „Дополнување на Заклучок за конечност на резултати од гласањето во втор круг за Локалните Избори 2025 година одржани на 02.11.2025 година“. Државна изборна комисија на Македонија. 6 ноември 2025. Посетено на 8 ноември 2025.
- ↑ „Дејуре, платформа за консолидирање на закони“. dejure.mk. Посетено на 2025-11-08.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Портал на Општина Росоман
- Општина Росоман во „АБВ - деловен именик“ Архивирано на 6 март 2016 г.
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||


