Прејди на содржината

Дебриште

Координати: 41°27′33″N 21°52′54″E / 41.45917°N 21.88167°E / 41.45917; 21.88167
Од Википедија — слободната енциклопедија
Дебриште

Воздушен поглед на селото Дебриште

Дебриште во рамките на Македонија
Дебриште
Местоположба на Дебриште во Македонија
Дебриште на карта

Карта

Координати 41°27′33″N 21°52′54″E / 41.45917°N 21.88167°E / 41.45917; 21.88167
Регион  Вардарски
Општина  Росоман
Област Тиквеш
Население 43 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1423
Повик. бр. 043
Шифра на КО 11013
Надм. вис. 300 м
Слава Атанасовден (летен)
Дебриште на општинската карта

Атарот на Дебриште во рамките на општината
Дебриште на Ризницата

Дебриште — село во Општина Росоман, во областа Тиквеш, во околината на градот Кавадарци.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во југозападниот дел на Општина Росоман, во Росоманското Поле, од левата страна на реката Црна, а чиј атар се допира со подрачјето на Општина Кавадарци.[2] Селото е ридско и се наоѓа на надморска височина од 300 метри. Од градот Кавадарци е оддалечено 16 километри.[2] Дебриште се наоѓа во западниот дел на областа Тиквеш, оддалечено 11 километри јужно од општинскиот центар Росоман.

До селото води локален асфалтен пат, кој се двои од А3, додека под селото поминува новоизградениот експресен пат Градско-Дреново пуштен во употреба на 14 јануари 2025 година.

Селото се наоѓа на двете страни од Дебришкиот Дол, под југоисточната страна на Руен. Долот се влива во полето во реката Раец. Во селото постоела чешма, која се користела за вода за пиење.[3]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Скрки, Голиш, Колник, Курилова и Руен.[3]

Селото има збиен тип со разредени краеви. Горно Маало е во присоен дел, додека Долно Маало е во осојот на долот.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]

Дебриште е населено уште од римско време како место за вадење на мермер. За тоа сведочат рударската населба и двата мермерни копа во околината на селото.[4]

Селото најпрвин се наоѓало на месноста Старо Село. Староседелските родови побегнале од таму од беговите кон крајот на XVII век.[3]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот на селото зафаќа простор од 12,8 километри квадратни. На него преовладуваат пасиштата на површина од 854,4 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 376,6 хектари, а на шумите само 2,9 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција. Во него работела земјоделска задруга и продавница.[2]

Мештаните се занимавале со земјоделство. До крајот на XIX век работеле за беговите.[3]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948273—    
1953261−4.4%
1961256−1.9%
1971203−20.7%
1981173−14.8%
ГодинаНас.±%
1991116−32.9%
1994117+0.9%
200292−21.4%
202143−53.3%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Дебриште живееле 270 жители, сите Македонци.[5]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Дебриште имало 160 жители, сите Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[7]

Селото е мало и во 1961 година броело 256 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 117 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 92 жители, од кои 91 Македонец и 1 Македонски Србин.[8]

Според пописот од 2021 година, во селото живееле 43 жители, од кои 37 Македонци и 6 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 270 160 273 261 256 203 173 116 117 92 43
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Дебриште е македонско село.

Според истражувањата од почетокот на 1920-тите години, во селото биле застапени следниве родови:[3]

  • Староседелци: Бубевци (7 к.), Колевци (3 к.), Шоклевци (3 к.), Нединци (1 к.) и Галевци (4 к.).
  • Доселеници: Трендевци (1 к.), доселени се во 1874 година од некое село Бизевиќ; Маслинковци (2 к.), доселени се во 1876 година од селото Росоман; Јованчевци (1 к.), доселени се од селото Трстеник во 1882 година; Лазовци (1 к.), доселени се од селото Ресава во 1884 година и Дафчевци (1 к.), доселени се од селото Бизевиќ во 1900 година.

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

На крајот од XIX век, Дебриште било село во Тиквешката Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Росоман, една од ретките општини која не била променета при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Росоман.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Кавадарци.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Дреново, во која покрај селото Дебриште се наоѓале селата Возарци, Брушани, Галиште, Грбовец, Добротино, Драдња, Дреново, Кесендре, Мрзен Ораовец, Праведник, Раец, Фариш, Шешково и Шивец. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Дреново, во која влегувале селата Грбовец, Дебриште, Дреново и Драдња.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 0719 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 65 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 65 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Главната селска црква „Св. Јован Крстител“
Археолошки наоѓалишта[4]
  • Извор — рудник за мермер од римско и доцноантичко време;
  • Курилово — рудник за мермер од римско време; и
  • Под Селото — рударска населба од римско време.
Цркви[17]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]
Слави[3]

Личности

[уреди | уреди извор]
Родени во Дебриште
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 92-93. Посетено на 26 јануари 2025.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Радовановиќ, Воислав (1924). Тиквеш и Рајец. Белград: Српска кралска академија. стр. 452-453.
  4. 4,0 4,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 147-148. ISBN 9989-649-28-6.
  5. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 154.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 104-105.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 јануари 2025.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 26 јануари 2025.
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 62. ISBN 978-608-65143-2-7.
  18. Порече низ историјата, Милан Ристески, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1982, стр.208

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]