Прејди на содржината

Црква „Св. Јован Крстител“ - Дебриште

Координати: 41°27′30″N 21°52′49″E / 41.45833°N 21.88028°E / 41.45833; 21.88028
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Јован Крстител

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Кавадаречко
Парохија Росоманска
Местоположба

Карта

Координати 41°27′30″N 21°52′49″E / 41.45833°N 21.88028°E / 41.45833; 21.88028
Место Дебриште
Општина Росоман
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Јован Крстител
Изградба XIX век
Живопис 1873
Архитектонски опис
Стил преродбенички

Свети Јован Крстител — главна селска црква во тиквешкото село Дебриште, Македонија.[1]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Црквата се наоѓа на крајот од селото, во Горно Маало.

Историја

[уреди | уреди извор]

Црквата изградена во втората половина на XIX век, најверојатно на старо црквиште.[2]

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Ова е мал храм со отворени тремови од јужната и северната страна кои се во урнатини.[3]

Фрескоживопис

[уреди | уреди извор]

Над западниот влез, во нишата е насликан покровителот Свети Јован Крстител, како и годината на живописувањето на црквата — 1873.[3]

Внатрешниот свод е со рамна дрвена таваница. На јужниот ѕид од внатрешната страна има натпис на зографите: „Из руки Петре и син его Глигур из Дебор село Тресанче 1873“. Зачувани се фрески во наосот и олтарот, но се во лоша состојба.[3]

Икони и иконостас

[уреди | уреди извор]

Има икони од XIX век.[3][4]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 62. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Радовановиќ, Воислав (1924). Тиквеш и Рајец. Белград: Српска кралска академија. стр. 452-453.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Св. Јован Крстител, с. Дебриште“. Културно и национално наследство на Кавадарци. Посетено на 22 мај 2016.[мртва врска]
  4. „Росоманска парохија - цркви и манастири“. Повардарска епархија. 3 јуни 2008. Посетено на 20 февруари 2014.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]