Ресава

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ресава
Панорама на Ресава.jpg

Панорамски поглед на селото

Ресава is located in Македонија
Ресава
Местоположба на Ресава во Македонија
Координати 41°22′03″N 21°59′51″E / 41.36750° СГШ; 21.99750° ИГД / 41.36750; 21.99750Координати: 41°22′03″N 21°59′51″E / 41.36750° СГШ; 21.99750° ИГД / 41.36750; 21.99750
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Coat of arms of Kavadarci Municipality.svg Кавадарци
Област Тиквеш
Население 144[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1430
Повик. бр. 043
Надм. вис. 330 м
Слава Архангел Михаил
Ресава на општинската карта
Ресава во Општина Кавадарци.svg

Атарот на Ресава во рамките на општината
Commons-logo.svg Ресава на Ризницата


Ресава — село во Општина Кавадарци, во областа Тиквеш, во околината на градот Кавадарци.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во средишниот дел од Општина Кавадарци, односно јужно од градот Кавадарци, во областа Тиквеш, а чиј атар се допира со вештачкото Тиквешко Езеро.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 330 метри. Од градот Кавадарци, селото е оддалечено околу 6 километри.[2]

Атарот зафаќа простор од 11,9 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 666 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 440 хектари.[2]

Селото е од збиен карактер од полуварошки тип, поделено на шест маала. На главниот пат е Сретселото со малата чаршија со дуќани и занаетџилници. Некои улици се калдрмисани, а повеќето куќи имале варошки изглед. Маалата во селото се Шуманово, Средско, Клинчарово, Синановско, Лалковско и Пејковско.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Во турско време, селото најпрвин било слободно, а подоцна делумно станало чифлик на Синановци од Кавадарци, кога успеале на сила да го заземат Средско Маало и да го основаат Синановско Маало (наречено по нив). Ослободувањето од чифликот започнало во 1880 година. На 13 јуни 1905 година во селото се водела битка помеѓу Турците и четата на Добри Даскалов, кога селото настрадало, а околу 20 куќи биле запалени.[3]

Во XIX век, Ресава било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има мешовита полјоделско-сточарска функција.[2]

Селаните повеќе живееле од земјоделство, а дополнително се занимавале со сточарство, а неколкумина биле дуќанџии и занаетчии.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Ресава имало 650 жители, сите Македонци.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ресава имало 720 Македонци егзархисти.[5]

Од Ресава се иселил значителен број од населението и од таа причина селото преминало од средно во мало село, населено со македонско население. Така, во 1961 година селото имало 616 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 179 жители.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Ресава имало 144 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[6] 1905[7] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 650 720 670 660 616 492 336 197 179 144
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Родови[уреди | уреди извор]

Како родови во Ресава се споменуваат:[3]

  • Старинци: Лалковци (Лалковско М. 6 и Средско М. 1) 7 к.; Асијовци (Средско и Шумановско М.) 2 к.; Дековци (Шумановско М.) 3 к.; Биковци (Средско М.) 7 к.; Палетовци (Средско М.) 3 к. и Каравилчевци (Лалковско М.) 2 к..
  • Постари доселеници: Пејковци (Пејковско М.) 5 к.; Клинчаровци (Клинчаровско М.) 11 к.; Шоповци (Шумановско М.) 2 к.; Чундевци (Шумановско М.) 3 к.; Радевци (Шумановско М.) 1 к.; Лоловци (Пејковско М. 3 и Средско М. 1) 4 к.; Струмичани (Лалковско М. 3, Средско М. 2 и Шумановско М. 2) 7 к.; Јанчевци-Јакововци-Валавајке (Средско М.) 1 к.; Камчевци-Дисанци (Шумановско М.) 3 к.; Јовевци (Шумановско М.) 2 к.; Радобилци (Синановско М.) 3 к.; Поп-Лазаровци (Лалковско и Средско М.) 2 к.; Точковци (Лалковско М. 2 и Средско М. 1) 3 к.; Ајтовци (Лалковско М.) 2 к. и Карајовци (Средско М.) 2 к..
  • Понови доселеници: Тодоровци (Средско М.) 2 к.; Зајковци (Средско М.) 1 к.; Дрваровци (Средско М. 1 и Шумановско М. 4) 5 к.; Кичевци (Синановско М.: Мрчковци 2 и Карадачовци 1) 3 к.; Милачовци (Синановско М. 1 и Шумановско М. 5) 6 к.; Митревци (Синановско М.) 3 к.; Миџовци (Синановско М. 3 и Шумановско М. 1) 4 к.; Убавковци (Клинчаровско М. 2 и Шумановско М. 1) 3 к.; Костовци (Средско М.) 1 к.; Шиковци (Синановско М. 3, Средско М. 2, Пејковско М. 1 и Шумановско М. 1) 7 к.; Басмаџијовци (Синановско М.) 1 к.; Ризовци (Лалковско М.) 1 к.; Бунарци (Лалковско М. 2 и Шумановско М. 1) 3 к.; Џулажи (Средско М.) 1 к.; Грковци (Средско М.) 1 к.; Исаковци (Синановско М.) 1 к.; Шоповци-Сопотски (Пејковско М.) 1 к.; Самарџијовци (Синановско М.) 1 к.; Кабрани (Пејковско М.) 2 к.; Јовчевци (Шумановско М.) 1 к.; Соколовци-Горниковци (Средско М.) 1 к. и Курчевци (Лалковско М.) 1 к..

Општествени установи[уреди | уреди извор]

  • Месна заедница

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Кавадарци.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Бегниште, во која се наоѓале селата Бегниште, Гарниково, Дабниште, Драгожел, Кошани и Ресава.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Бегниште, во која покрај селото Ресава се наоѓале селата Бегниште, Гарниково, Дабниште, Драгожел, Кажани и Куманичево.

Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Кавадарци.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Архангел Михаил“

Селото е опфатено во склоп на изборното место бр. 0700 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Брушани, Дабниште и Ресава, кое е сместено во објект на општината, поранешно основно училиште во село Ресава.[9]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 115 гласачи.[10] На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 111 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[12][13]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Селото е познато по своите куќи изградени од црвени тули кои се направени со вино наместо со вода. Во минатото селаните имале многу вино, кое било тврдо „што можело во торба да се носи“ и иако има неколку водотеци и водопади во околината на селото, сепак било тешко да се стигне до водата, па затоа тулите со кои ги изградиле своите куќи ги направиле со вино наместо со вода. Денес, во селото постојат повеќе куќи изградени од црвени тули.

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Ресава


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 15 февруари 2018. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 257. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 15 февруари 2018 г. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. стр. 429-434. 
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 154.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 104-105.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  9. „Описи на ИМ“. конс. 15 февруари 2018. 
  10. „Локални избори 2017“. конс. 15 февруари 2018. 
  11. „Претседателски избори 2019“. конс. 5 мај 2019. 
  12. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  13. „Цркви во Маренската парохија“ (македонски). Повардарска епархија. конс. 15 февруари 2018. 

Литература[уреди | уреди извор]

  • Петре Камчевски, „Селото Ресава низ историјата“, Музеј-галерија, Кавадарци, 2005.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]