Прејди на содржината

Кесендре

Координати: 41°23′36″N 21°49′56″E / 41.39333°N 21.83222°E / 41.39333; 21.83222
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кесендре
Ќесендре

Воздушен поглед на селото Кесендре

Кесендре во рамките на Македонија
Кесендре
Местоположба на Кесендре во Македонија
Кесендре на карта

Карта

Координати 41°23′36″N 21°49′56″E / 41.39333°N 21.83222°E / 41.39333; 21.83222
Регион  Вардарски
Општина  Кавадарци
Област Раец
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1423
Повик. бр. 043
Шифра на КО 11020
Надм. вис. 670 м
Слава Атанасовден (летен)
Кесендре на општинската карта

Атарот на Кесендре во рамките на општината
Кесендре на Ризницата

Кесендре (понекогаш: Ќесендре) — раселено село во областа Раец, во Општина Кавадарци.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Поглед во селото

Кесендре се наоѓа во крајниот западен дел на Општина Кавадарци, од десната страна на реката Раец, а чиј атар се допира со подрачјето на Општина Прилеп.[2] Селото е ридско и се наоѓа на надморска височина од 670 метри. Од градот Кавадарци е оддалечено 23 километри.[2]

До селото води локален земјен пат, кој започнува во селото Раец.

Селото се наоѓа на рамнината во северното подножје на Кобиларник, лево и високо над долината Курит. Тука се наоѓаат селската чешма и изворот Глава, а нешто подалеку од селото, под отсекот на Бурински Рид, има врел извор од кој потекува Желишка Река.[3][4]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Преслап, Борински Рид, Кобиларник и Грбавечка Кула.[3]

Селото има збиен тип. Се состои од четири маала: Горно, Чумбарово, Златево и Ковевско Маало.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]

Подрачјето на Кесендре е населено уште од доцната антика, за што сведочат археолошките наоѓалишта југоисточно и североисточно од селото.[5]

Селото е основано во почетокот на XIX век во атарот на средновековното село Желиште (на турски: Девол Касабаси), уништено од Османлиите во една буна во средината на XVIII век. Урнатините на Желиште се наоѓаат до изворот на Желишка Река. Кај изворот се наоѓа и наоѓалиштето Црквиште, кое пак е остаток од населба со некропола од доцната антика, и каде се најдени грчки натписи.[3][4]

Селската црква „Св. Димитриј“ е подигната во 1896, а иконите се изработени во 1898 година.[6]

Во текот на 1970-тите бројот на жители почнал нагло да опаѓа поради раселување во околните места и градот Кавадарци, за да биде целосно напуштено во некаде во 1990-тите.[4]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот на селото зафаќа простор од 10,5 километри квадратни. На него преовладуваат шумите на површина од 948 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 74 хектари, а на пасиштата отпаѓаат само 21 хектар.[2]

Главно занимање на жителите било земјоделството и сточарството. Во текот на отоманскиот период тие работеле на своја земја.[3]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948244—    
1953259+6.1%
1961230−11.2%
1971158−31.3%
198151−67.7%
ГодинаНас.±%
19917−86.3%
19949+28.6%
20020−100.0%
202100.00%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кесендре живееле 155 жители, сите Македонци.[7]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кесендре имало 136 жители, сите Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[9]

Кесендре е мало сео, на пат да се расели. Така, во 1961 година селото броело 230 жители, а во 1994 година само девет жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, селото Кесендре немало ниеден жител.[10] Истото било потврдено и на пописот во 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 155 136 244 259 230 158 51 7 9 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Кесендре е македонско село.

Според истражувањата од почетокот на 1920-тите години, во селото биле застапени следниве родови:[3]

  • Староседелци: Рабушчијовци (8 к.), Ковевци (11 к.), Шалевци-Чумбаровци (13 к.) и Пешиќовци-Бадевци (3 к.). Дедовците Злате Рабушчијовец, Станко Шалевец и Баде Пешиќовец дошле од Радобил на почетокот на XIX век, купувајќи земја од спахиите.
  • Постари доселеници: Тосковци-Слабевци (3 к.), доселени се од селото Радовил во втората четвртина на XIX век, Касаповци-Тулевци (2 к.), доселени се од Радобил по Слабевци и Мањовци-Малкиќовци (2 к.), доселени се од Радобил по Тулевци.
  • Понови доселеници: Трљичовци (1 к.), побегнале од Раец околу 1860 година и Мојсовци (1 к.), доселен како домазет во Трљичовци од Ресава во 1894 година.

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Денес, во селото нема жители.

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

На крајот од XIX век, Кесендре било село во Тиквешката Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Кавадарци.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Кавадарци.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Дреново, во која покрај селото Кесендре се наоѓале селата Возарци, Брушани, Галиште, Грбовец, Дебреште, Добротино, Драдња, Дреново, Мрзен Ораовец, Праведник, Раец, Фариш, Шешково и Шивец. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Раец, во која влегувале селата Кесендре, Раец и Фариш.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0696 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница во селото Раец.[15]

Во вториот круг на претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 70 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 70 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Главната селска црква „Св. Димитриј“
Археолошки наоѓалишта[5]
Цркви[18]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]
Слави[3]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 149. Посетено на 24 јануари 2025.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Радовановиќ, Воислав (1924). Тиквеш и Рајец. Белград: Српска кралска академија. стр. 514-515.
  4. 4,0 4,1 4,2 Кесендре на порталот на Општина Кавадарци (архивирано)
  5. 5,0 5,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 152. ISBN 9989-649-28-6.
  6. „Маренска парохија“. Повардарска епархија. 3 јуни 2008. Посетено на 18 февруари 2014.
  7. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 154.
  8. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 104-105.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 24 јануари 2025.
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Претседателски избори 2019 (Втор круг)“. Архивирано од изворникот на 2020-06-13. Посетено на 7 јуни 2019.
  17. „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 18 јануари 2025.
  18. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 62. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]