Мрамор (село)
Мрамор — историско село во Тиквешко, на границата на Општина Кавадарци со Општина Прилеп.
Географија[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓало во областа Раец, десниот брег на реката Раец, западно од с. Раец. Денес е сместено на планинска падина во северниот дел на атарот на Голем Радобил, Општина Прилеп.
Историја[уреди | уреди извор]
Најстар пишан податок за Мрамор е дека во 1519 година, селото имало 13 семејства и 3 вдовици. Во 1573 – 21 семејство и 18 неженети.
Во XIX век Мрамор било село во Тиквешката каза. Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, во 1873 г. Мрамор (Mramor) се води како село со 41 домаќинства и 185 жители Македонци.[1][2]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Мрамор имал 233 жители, сите Македонци христијани.[1][3]
Родови[уреди | уреди извор]
Мрамор било македонско село.
Според истражувањата од 1920-тите, Родови во селото биле:
- Староседелци: Анѓелевци-Пемовци (2 к.), Ѓелевци (1 к.), Шоклевци (1 к.), Чепенковци (1 к.) и Ковачовци (3 к.)
- Доселеници:
- Димевци (3 к.) доселени се од некое село во Охридско.
- Лазевци (1 к.) доселени се од селото Дреново.
- Ѓоровци (1 к.) и они се од селото Дреново.[4]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Од крајот на XIX век, многу население избегало во Прилеп.[4]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 80 - 81.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 154.
- ↑ 4,0 4,1 Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Раец.
|