Куманичево
- За истоименото село во Костурско, видете овде.
Куманичево — село во Општина Кавадарци, во околината на градот Кавадарци.
Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото е сместено во источниот дел на Тиквешијата. Целата западна атарска граница му излегува на Тиквешкото Езеро.
Историja[уреди | уреди извор]
Подрачјето на Куманичево е населено уште од доцната антика, за што сведочат археолошките наоѓалишта во неговиот атар.[1]
Во XIX век, Конопиште било село во Рожденската нахија во Тиквешката каза на Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Куманичево живееле 350 жители, сите Македонци.[2]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Куманичево имало 320 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според последниот попис од 2002 година, во селото живеат 7 жители, сите Македонци.[4]
На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[5]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 350[2] | 320[3] | 383 | 306 | 308 | 148 | 41 | 22 | 7 | 7 |
Родови[уреди | уреди извор]
Куманичево е македонско село.
Според истражувањата од 1920-тите, родови во селото се:
- Староседелци: Јанчевци-Поповци (20 к.), Тасевци (11 к.), Чулешковци (10 к.), Гиновци (3 к.), Палеовци (4 к.), Јечменковци (2 к.), Мојсовци (2 к.), Угриновци (1 к.) и Бајрактаровци (1 к.).
- Доселеници: Божиновци (10 к.) доселени се кон крајот на XVIII век од мариовското село Полчиште; Афтовци (2 к.) доселени се на почетокот од XIX век од некое село во Мариово; Тодоровци (1 к.) доселени се од селото Клино; Бошковци (3 к.) доселени се од селото Драгожел, а таму се доселени кон крајот на XVII век од велешко; Шоповци (1 к.) доселени исто така од Драгожел, а таму се доселени од штипско во XVII век; Сабловци (1 к.) доселени се од селото Конопиште; Бајковци (1 к.) доселени се од селото Градиште; Пачовци (1 к.) доселени се од селото Бојанчиште, а таму од селото Полчиште кон крајот на XVIII век.[6]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта
- Град — утврдена населба со некропола од доцноантичко време
- Градот — утврдена населба и некропола од доцноантичко време
- Грамаѓе — утврдена населба од доцноантичко време
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 154. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ 2,0 2,1 Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 155.
- ↑ 3,0 3,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 104 – 105.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Раец.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
Оваа статија за за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |