Клиново

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Клиново
Клиново is located in Македонија
Клиново
Местоположба на Клиново во Македонија
Координати 41°14′15″N 21°56′55″E / 41.23750° СГШ; 21.94861° ИГД / 41.23750; 21.94861Координати: 41°14′15″N 21°56′55″E / 41.23750° СГШ; 21.94861° ИГД / 41.23750; 21.94861
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски Мариово
Општина Кавадарци
Население 0[1] жит.
(поп. 2002)
Шифра на КО 11021
Клиново на општинската карта
Клиново во Општина Кавадарци.svg

Атарот на Клиново во рамките на општината

Клиново — раселено село во Општина Кавадарци, во областа Мариово, во околината на градот Кавадарци.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Мариово, југозападно од градот Кавадарци.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Клиново било село во рамките на Мариовската нахија, во Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Клиново живееле 650 жители.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лазарополе имало 3.304 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

Селото броело 418 жители во 1961 година, додека во 1994 година имало само двајца жители.

Според последниот попис од 2002 година, во селото Клиново немало жители.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[4] 1905[5] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 650 680 492 409 418 15 2 0
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]

Новости[уреди | уреди извор]

Во 2007 година е пробиен патот од Блашница до с. Клиново и овозможено е да се оди со возило преку Бојанчиште до викенд населбата на Блашница и од тука нагоре до селото. Покрај прославата на селската слава Летен Св.Архангел во месец Јули, сега се во тек подготовките за водење електрична струја до селото.Овие активности се дел од долгогодишните заложби на поранешните жители и нивните потомци иселени поради изградбата на браната на река Црна (1968 г.), да се вратат на родните огништа и повторно да го вратат животот кој постоел на овој простор многу векови пред да се направи браната.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви

Црква „Св. Архангел Михаил“ - стара и нова. За старата црква не се сочувани никакви историски податоци, ниту пак постои запис или натпис во црквата за да се дознае кога била изградена и живописана. Црквата била во функција до 1860 година, кога во нејзина непосредна близина била изградена нова црква со големи димензии и посветена исто така на Св. Архангел Михаил. Според својата архитектурна форма старата црква е еднокорабна со полукружна олтарна апсида на источната страна. Градена е од плочест камен. Од старите фрески сочуван е само еден фрагмент во олтарната конха со претстава на Св. Богородица Ширшаја од небесата. Живописот најверојатно е од крајот на XVII век. Новоизградената црква во село Клиново е исто така денес напуштена. Во неа нема фрескоживопис.

Археолошки наоѓалишта[7]
  • Бабина Нива — населба од средниот век;
  • Градишта — градиште од железното и римското време и средниот век;
  • Градиштанска Црква — населба од доцноантичкото време;
  • Грозана — средновековно утврдување;
  • Карпуза — средновековна некропола;
  • Катуништа — населба и некропола од доцноантичкото време;
  • Колиби — средновековно утврдување;
  • Крст — некропола од доцноантичкото време;
  • Прекиот Пат — населба од доцноантичкото време;
  • Самарџица — средновековна населба;
  • Стреј — средновековно утврдување;
  • Тумба — утврдена населба од доцноантичкото време;
  • Черњец — населба од доцноантичкото време.

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Секоја година во Клиново се слави летниот Св. Архангел.

Личности[уреди | уреди извор]

Васил Филев, револуционер од ВМОРО

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  2. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 263.
  3. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 166-167
  4. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  5. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  6. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  7. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 152, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски[уреди | уреди извор]