Брушани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Брушани
Поглед на Брушани.jpg

Поглед на викенд-населбата Брушано на брегот на Тиквешкото Езеро, дел од атарот на историското село

Брушани се наоѓа во Republic of Macedonia
Брушани
Местоположба на Брушани во Македонија
Координати 41°24′03″ СГШ 21°57′18″ ИГД / 
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Coat of arms of Kavadarci Municipality.svg Кавадарци
Област Тиквеш
Население 2[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1430
Повик. бр. 043
Надм. вис. 280 м
Commons-logo.svg Брушани на Ризницата


Брушани — поранешно историско село и денешна викенд-населба во Општина Кавадарци, во областа Тиквеш, во околината на градот Кавадарци.

Денес, претставува одморалишна населба со летниковци на брегот на Тиквешкото Езеро. Селото е потопено при изградбата на Тиквешкото Езеро во 1960-тите години, а населението е префрлено во Кавадарци. Денес, Брушани е викенд-населба и има две цркви. Куќите се расположени по крајбрежен појас и, во поголема мера, на подолг полуостров и два помали острова до него. Едниот од нив е населен.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на куќи во Брушани

Селото се наоѓа во северниот дел од Општина Кавадарци, на северозападната страна на Тиквешкото Езеро, до коешто се протега и атарот на поранешното историско село.[2] Селото е сместено на околу 280 метри надморска височина.

Селото се наоѓа на пространа ниска тераса. Селото било христијанско и од чифлички тип. Не било поделено на маала.[3]

Во последниве десетина година, во атарот на раселеното село, е подигната викенд-населбата „Брушани“ крај Тиквешкото Езеро.

Историja[уреди | уреди извор]

Селото најпрвин постоело на друго место наречено Старо Село, од каде жителите побегнале во текот на XVIII век и се населиле на новата положба. На претходната положба на селото може да се најдат остатоци од куќи, како и Староселската чешма.[3]

Во текот на отоманскиот период, селото било од чифлички тип. Во селото имало три беговски кули.[3]

Во XIX век, Брушани било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Со изградбата на Тиквешкото Езеро во 1964-1968 г., селото Брушани е потопено, а жителите се иселени претежно во Кавадарци, каде постои Брушанско Маало.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Поглед на Брушани со околните лозја

Селото нема развиена стопанска функција.[2]

Селото се занимавале повеќе со земјоделство. [3]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Брушани имало 190 Македонци христијани.[4][5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Брушани имало 152 жители.[6]

Селото е наполно раселено по 1981 година, кога броело 16 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Брушани имало 2 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[7] 1905[8] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 190 152 118 283 302 14 16 0 0 2
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови[уреди | уреди извор]

Како родови во Брушани се споменуваат:[3]

  • Старинци: Шиковци 5 к..
  • Постари доселеници: Кичевци-Мрчковци 1 к.; Ѓировци 3 к.; Пановци 1 к. и Атанасовци 2 к..
  • Понови доселеници: Мијаковци 1 к.; Маријовци 1 к.; Курчевци 1 к.; Банџовци 1 к.; Трупуновци 1 к.; Куманичевци 1 к.; Митревци-Колевци 2 к.; Јанчевци-Јакововци 1 к.; Ризовци 1 к.; Поп-Андоновци 1 к. и Кречовци 1 к..

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Новоизградената црква во викенд-населбата

Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Кавадарци.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Возарци, во која влегувале селата Брушани, Возарци и Шивец.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Дреново, во која покрај селото Брушани се наоѓале селата Возарци, Галиште, Грбовец, Дебреште, Добротино, Драдња, Дреново, Кесендре, Мрзен Ораовец, Праведник, Раец, Фариш, Шешково и Шивец.

Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Кавадарци.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во склоп на изборното место бр. 0700 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Брушани, Дабниште и Ресава, кое е сместено во објект на општината, поранешно основно училиште во село Ресава.[10]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 115 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[12]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“. Завод за статистика на Македонија. 2002. http://www.stat.gov.mk/Publikacii/knigaX.pdf. посет. 29 јануари 2018 г. 
  2. 2,0 2,1 2,2 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 42. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 29 јануари 2018 г. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. стр. 434-436. 
  4. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 154
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 104-105.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. http://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__PopisNaNaselenie__PopisiNaseleniMesta/Popisi_nm_1948_2002_NasPoVozrPol_mk.px/?rxid=46ee0f64-2992-4b45-a2d9-cb4e5f7ec5ef. 
  10. „Описи на ИМ“. http://mojotizbor.mk/arhiva/parlamentarni-izbori-2011/9-uncategorised/194-opisi-na-izbiracki-mesto.html. посет. 29 јануари 2018 г. 
  11. „Локални избори 2017“. https://rezultati.sec.mk/Local/Results?cs=mk-MK&r=r&rd=r1&eu=All&m=35&ps=879#. посет. 29 јануари 2018 г. 
  12. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  13. „Ќе се гради црква на брегот на Тиквешкото езеро по иницијатива на жителите“ (на македонски). Региони. 27 февруари 2013. http://regioni.mk/kese-gradi-crkva-na-bregot-na-tikveskoto-ezero-po-inicijativa-na-zitelite/. посет. 21 март 2013 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]