Радња
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Радња — село во Општина Кавадарци, во околината на градот Кавадарци.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Бошава, на северните падини на планината Кожуф.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век селото било дел од Тиквешката каза во Отоманското Царство.
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Радња живееле 370 жители, сите Македонци.[1]
Селото е иселено и според последниот попис од 2002 година, во селото немало жители.[2]
На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[3]
Година | 1900 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 370[1] | 174 | 130 | 92 | 35 | 6 | 0 | 0 | 0 |
Родови[уреди | уреди извор]
Радња е македонско село.
Според истражувањата од почетокот на 1920-тите, родови во селото се:
- Доселеници: Велковци (7 к.) и Пројчевци (2 к.) доселени се во почетокот од XIX век од мариовското село Полчиште. Таму се викале Татаровци; Стребреновци (12 к.) доселени се кога и претходниот род, исто така од Мариово, но од селото Градешница; Лесковци (7 к.) потекнуваат од браќата Митре и Милко. Они се доселиле на почетокот од XIX век од мегленското село Лесково; Алчиновци (6 к.), Весковци (2 к.), Самарџијовци (1 к.) и Кантарџијовци (4 к.) доселени се на почетокот од XIX век од маривското село Рожден, само последниот род е доселен малку покасно; Златевци (3 к.) и Дановци (1 к.) доселени се на почетокот од XIX век од некое село во Мариово; Мишовци (3 к.) и Ѓешовци (2 к.) доселени се на почетокот од XIX век од селото Пожарско кај Воден; Поповци (2 к.) доселени се од селото Корешница; Родевци (2 к.) доселени се од селото Родево кај реката Кара Азмак; Ристовци (1 к.), Ѓошевци (1 к.) и Мурџевци (1 к.) сите се доселени од селото Зборско; Баовци (1 к.) доселени се од селото Баово во Меглен; Темелковци (1 к.) и Трајановци (1 к.) доселени се од селото Стрмашево; Петревци (2 к.) доселени се од селото Ума, Гевгелиско; Бошковци (2 к.) доселени се од селото Драчевица; Тапанџиовци (1 к.) и Крстевци (1 к.) доселени се од селото Бохула; Марини (1 к.) и Чала Костовци (1 к.) доселени се од селото Барово.[4]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[5]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 154.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. стр. 156. ISBN 9989649286.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|