Пожарско
Пожарско Λουτράκι | |
---|---|
Поглед на селото | |
Координати: 40°58′N 21°56′E / 40.967° СГШ; 21.933° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Постолски |
Општина | Меглен |
Општ. единица | С’ботско |
Надм. вис. | 300 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 1.176 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пожарско (грчки: Λουτράκι, Лутраки, до 1922 година Ποζάρ, Позар)[2][3] — село во Мегленско, Егејска Македонија (денес Грција).
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Пожарско се наоѓа во северозападниот дел од котлината Меглен, во јужното подножје на планината Ниџе, на 13 км од градот С’ботско, 33 км од Воден. Селото се состои од две маала: Горно и Долно Пожарско. Над селото се наоѓаат Пожарската Клисура, Пожарските Бањи, Мегленскиот пештерски парк (низа пештери со остатоци од праисториско домување,[4] како и напуштеното Горно Пожарско со црквата „Св. Јован Претеча“.[5]
Историја
[уреди | уреди извор]Пожарско за време на Граѓанската војна (1946-1949)
[уреди | уреди извор]За време на граѓанската војна во Грција голем број на жители од Пожарско се вклучиле во редовите на ДАГ.
Нападот на селото Пожарско се случил на 25 септември 1946 година, кога водачот на грчката воена единица, Кирјакос, навлегол со своите војници од правецот на селото Тресино.[6] До смрт биле претепани 14 селани.[6]
Во 1947 година, владините трупи во офанзифа против единиците на ДАГ запалиле повеќе куќи во Пожарско, а на 6 март 1947 година во целост било изгорено селото Горно Пожарско.[6]
Во 1948 година, кога селото се наоѓало под контрола на ДАГ било отворено училиште на македонски јазик.[6] На 24 август 1948 година во Пожарско се судриле неколку единици на ДАГ со грчката војска. Поради жестоките судири, 30 семејства побегнале кон градот С’ботско.[6] На 6 февруари 1948 врз Пожарско биле истрелани 6 артилериски гранати, при што една жена била смртно погодена, а на 9 март истата година од гранати била погодена и уништена селската црква.[6]
По завршувањето на војната, голем број Македонци од Пожарско под притисок ги напуштиле своите домови и најпрво се населиле во Војводина, за потоа да создадат свои живеалишта во Штип и Штипско, Велес и Велешко, Прилеп и Прилепско, Скопје и Скопско и други места.[6]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Демографија
[уреди | уреди извор]Во 2011 година во Пожарско живееле 1.146 жители. Најголем дел од жителите се Македонци, а според едно истражување од 1993 година македонскиот јазик бил зачуван на високо ниво.[7]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Цркви
- Црква „Св. Јован Претеча“ од XIX век
Личности
[уреди | уреди извор]- Ристо Дурдубаков (1892 - 1914) — комита, загинал на само 22 години.
- Димо Кироваков (18?? - 1948) — најстариот партизан во мегленско.
- Петре Кироваков (1914 - 2001) — познат по голготата со пренесувањето на моштите на татко му од Гаково (Војводина) па сè до Пожарско. За оваа голгота постои и најгледаниот документарен филм "Аманет" кој е прикажува на телиевизија повекепати годишно.
- Марија Кировакова (1914 - 2001) — политичка врска на КП со локалниот штаб за време на војната.
- Крсте Нушков — најмлад учесник-борец во ДАГ, познат под името „Декаексарис“,се приклучил на борбите на 14 годишна возраст.
- Иван Чаповски (1936 - ) — поет, романописец и публицист
- Бицевски Трпе (1938-) - проф.д-р етномузиколог, автор на 16 книги од областа на етномузикологијата, добитник на повеќе општествени награди, голем патриот
- Петре Катаров — македонски револуционер од ВМОРО.[8]
- Никола Трајков Кирков — македонски револуционер од ВМОРО.[8]
- Ристо Ковачев — македонски револуционер од ВМОРО.[8]
- Костантин Кокоданов — македонски револуционер од ВМОРО.[8]
- Златан Дулев — македонски револуционер од ВМОРО.[9]
- Георги Анџијев — македонски револуционер од ВМОРО.[10]
- Петре Бурназов — македонски револуционер од ВМОРО.[10]
- Митре Валчев — македонски револуционер од ВМОРО.[10]
- Костадин Нушков — македонски револуционер од ВМОРО.[11]
- Јован Гешов Самандов — македонски револуционер од ВМОРО.[12]
- Алексо Гешов Самандов — македонски револуционер од ВМОРО.[12]
- Иван Ристев Смреков — македонски револуционер од ВМОРО.[12]
- Трајко Иванов Трајков — македонски револуционер од ВМОРО.[12]
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Горно Пожарско е целосно опустошено и запалено во 1948 година. Населението е принудено да се исели и се раселува по светот. Најголемиот дел во тој период заминува во с. Гаково — Сомбор, Војводина. А потоа се снаоѓаат насекаде по светот. Денес ги има во Штип, Битола, Скопје, Прилеп и на други места како во Македонија, така и низ светот.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Άνω Πόζαρ -- Άνω Λουτράκιον
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κάτω Πόζαρ -- Κάτω Λουτράκιον
- ↑ „Σπηλαιοβάραθρο Λουτρακίου“. Βάση Δεδομένων για την Ιστορική κληρονομιά της Αλμωπίας – Lhi-Lna. Архивирано од изворникот на 27 април 2018. Посетено на 24 април 2018. no-break space character во
|publisher=
во положба 56 (help) - ↑ „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/11358/374/16-3-1999 - ΦΕΚ 312/Β/5-4-1999“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 18 април 2022. Посетено на 20 октомври 2014.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 6,6 Жежов, Никола (2011). „Селото Пожарско во Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година“. Годишен зборник, книга 64. Филозофски факултет - Скопје. стр. 209–223.
- ↑ Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"
- ↑ 8,0 8,1 8,2 8,3 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ 10,0 10,1 10,2 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ 12,0 12,1 12,2 12,3 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|