С’ботско
С’ботско Αριδαία | |
---|---|
![]() Плоштадот во С‘ботско со статуата на Ангел Гацо | |
Местоположба во областа | |
Координати: 40°58.35′N 22°03.65′E / 40.97250°N 22.06083°E | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Постол |
Општина | Меглен |
Општ. единица | С’ботско |
Надм. вис. | 150 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 6.639 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 584 00 |
Повик. бр. | 23840-2 |
Рег. таб. | EE |
Мреж. место | dimosalmopias.gov.gr |

С’ботско, со варијантите Суботско, Соботско и Саботско грчки: Αριδαία, Аридеа, до 1922 г. Σούμποσκο, Σούμποτσκο, Субоско, Субоцко,[2] до 1951 г. Αρδέα, Ардеја[3]) — град во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 6.561 жител (2011).
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Гратчето лежи во средиштето на областа Меглен, на надморска височина од 150 м.[4] Оддалечено е 25 км од Воден.
Историја
[уреди | уреди извор]Поголем дел од населението на С‘ботско во минатото ја сменил верата, преоѓајќи во ислам заради семејна и имотна сигурност.[4]
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Каботско (Kabotsko) село во Воденската каза со 184 куќи, од кои 204 жители Македонци-христијани, а 503 жители се Македонци-муслимани.[5][6] Според Стефан Верковиќ кон крајот на XIX век С’ботско (Субоско) било македонско муслиманско село со 467 мажи и 134 домаќиства.[7]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. С’ботско (Сѫботско) било наполно македонско село со 1.260 жители, од кои 460 Македонци-христијани и 800 Македонци-муслимани.[5][8]
Во 1890 г. во С’ботско проработела бугарската пропаганда со отворањето на бугарско училиште.[9] Според егзархискиот секретар на Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Суботско (Soubotsko) имало 656 Македонци[5] под врховенството на Бугарската егзархија.[10] Во 1906 г. селото е прогласено за центар на Караџаовската каза. Во 1907 г. С’ботско е воспоставена бугарска црковна општина и во центарот е подигната голема двокатна зграда на училиштето и општината. Учители биле Симеон Михајлов од Велес, воспитаник на Солунската бугарска гимназија, Фанија Филева од Охрид и Георги Алаџов од Зарово, Лагадинско.[9] Подоцна тука како учител се вработил и Аврам Шиленгов.[11]
До 1907 г. бугарската општина немала своја црква, туку ја користела онаа во Цакони. Истата година чиновниците[12] на бугарската општина на С’ботско се нападнати и убиени од грчки андарти[9] биле андарти.[13] во Цакони, престојувајќи во домот на Иван Цакончев.
Првата балканска војна С’ботско го зазела бугарска војска, која по борбите кај Нигрита е нападната од грчки единици, претрпувајќи загуби во човечки жртви и оставајќи други ранети. За да се расчисти инцидентот, создадена е анкетна комисија.[14]. Бугарскиот архијерејски наместник Никола Шкутов бил уапсен и испратен во Берскиот затвор[15].
Со Букурешкиот договор во 1913 г. С’ботско било припоено кон грчката држава, кога имало 1.561 жител.[4] Во 1920 г. се евидентирани 1.636 жители.[4] Со стапувањето на сила на Лозанскиот договор во 1924 г. муслиманското население е иселено во Турција и на негово место се донесени Грци-бегалци, но и извесен број влашки семејства дојдени од Голема и Мала Ливада.[4] Во 1928 г. С’ботско се води како мешано население од 1.044 жители, од кои дури 840 доселеници (204 семејства).[16]
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 2.644 | 3.036 | 3.222 | 3.555 | 4.205 | 4.455 | 5.600 | 6.561 | 6.639 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото припаѓа на општинската единица С’ботско со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Меглен, во округот Постол. Воедно, градот е дел од општинскиот оддел С’ботско, каде спаѓа и селото Волчишта.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Населението се занимава претежно со земјоделство, одгледувајќи големи количества на овошје, индустриски пиперки, десертно грозје и други производи. Во гратчето има фабрика за преработување на пиперките во црвен пипер. Дел од мештаните работат во подрачните и општинските служби.[4]
Личности
[уреди | уреди извор]
- Никодим Царкњас (р. 1942) — македонски духовник, поборник за правата на Македонците во Егејска Македонија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σούμποσκον -- Αρδέα
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αρδέα -- Αριδαία
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 99-100.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 156-157.
- ↑ Райчевски, Стоян (2004) [1998]. „ГЕОГРАФСКИ ПРЕДЕЛИ - Македония“. Българите мохамедани (второ издание. изд.). София: Национален музей на българската книга и полиграфия. стр. 123. ISBN 954-9308-51-0.
- ↑ Кънчов, Васил. „Воденска Каза“. Македония. Етнография и статистика. София: Българско книжовно дружество в София. стр. 150.
- ↑ 9,0 9,1 9,2 Илюстрация Илинден, година 9, книга 9 (89), ноември 1937, стр. 2.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 190-191.
- ↑ Любенова, Лизбет. Последните български владици в Македония, Изток Запад, София, 2012, стр. 429.
- ↑ Симеон Михајлов, Иван Попантонов, претседател на бугарската општина и други мештани
- ↑ Илюстрация Илинден, година 9, книга 9 (89), ноември 1937, стр. 3.
- ↑ Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 - 1916, Торонто, 2006, стр. 161-162
- ↑ Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 - 1916, Торонто, 2006, стр. 185
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]![]() |
„С’ботско“ на Ризницата ? |
- Матична страница (грчки)
|
|