Лугунци (Воденско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лугунци
Λαγκαδιά
Лугунци is located in Грција
Лугунци
Лугунци
Координати: 41°07′N 22°17′E / 41.117° СГШ; 22.283° ИГД / 41.117; 22.283Координати: 41°07′N 22°17′E / 41.117° СГШ; 22.283° ИГД / 41.117; 22.283
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаМеглен
Општ. единицаКапињани
Надм. вис.&10000000000000610000000610 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно82
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Лугунци (познато и како: Лунци; грчки: Λαγκαδιά, Лангадја; до 1926 година: Λούγγουντσα, Лунгунца;[2] мегленоромански: Lugunţa или Lundzini) — село во Мегленско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Меглен, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на југоисточните падини на планината Кожуф, на надморска височина од 610 метри.[3] До 1912 година потпаѓало под Гевгелиската околија.

Сместено е во североисточниот дел на областа Меглен, мала котлина помеѓу планините Кожуф на исток, Пајак на југоисток и Ниџе на северозапад, на околу 25 километри североисточно од селото Капињани. На 2 километри на север се наоѓа селото Бериславци, а на 6 километри на север е границата со Македонија.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото отсекогаш било населено со Власи од етничката група позната како Пајакашки Власи.[3]

Поп Ној од Лугунци направил опис на Мегленската каза, кое во 1866 година преку мачуковскиот учител Христо Боженов стигнала до Стефан Верковиќ и во 1889 година ја издал како „Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“.[4]

Во селото во периодот 1895-1896 бил основан комитет на ВМОРО.[5] Помеѓу 1896-1900 година, селото потпаднало под раководство на Бугарската егзархија[6].

Селото настрадало за време на Првата светска војна, во 1916 година од страна на бугарските воени власти неговото население било интернирано во внатрешноста на Бугарија, бидејќи самото село се наоѓало на самиот фронт. По завршувањето на војната, неговото население се вратило и го обновило селото.[3]

Во 1920-тите години, во селото биле населени грчки бегалци од Турција, кои во 1928 година броеле 19 семејства со вкупно 65 жители, со што селото станало мешана населба.[7]

Во 1926 година, името на селото било променето во Лангадја (Λαγκαδιά).

Селото повторно настрадало во 1946-1947 година, во времето на Граѓанската војна, кога повеќемина од неговите жители побарале засолниште во Македонија, а еден мал дел побарале засолниште во мегленските полски села. Според статистиката на НОФ од 1947 година, во селото живееле 83 бегалци Грци и 480 Власи. По завршувањето на војните, селото не било веднаш обновено.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Основно занимање на населението е сточарството и земјоделството, со главни производи компири и малку жито.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Лугонци (Лунци) живееле 700 Власи христијани.[3][8] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лугунци имало 588 Власи и работело влашко училиште.[9]

Во 1920 година, Лугунци е посочено со 50 влашки куќи.[3][10]

Во пописот од 1913 година било забележано со 633 жители. Во текот на Првата светска војна, поради близината на воените дејства, селото настрадало, а неговите жители биле интернирани во внатрешноста на Бугарија од страна на бугарските власти. Дел од жителите не се вратиле ниту по завршувањето на војната, поради што во 1920 година селото било забележано само со 406 жители. Во 1925 година, околу 70 семејства заминале за Романија, кои биле сместени во Добруџа, во селата Сансалај, Капакли и Казмир. На нивно место биле населени неколку бегалски семејства од Понд. Поради поголем број на иселени семејства, Лугунци во 1928 година имало 331 жител, а во 1940 година 543 жители. Селото тешко настрадало и било целосно напуштено за време на Граѓанска војна. По завршувањето на војните било повторно обновено, но не веднаш, поради што во пописот од 1951 година било спомнато како напуштена населба. Во 1961 година било забележано со 135, во 1971 година 160, во 1981 година со 99, а во 1991 година со 90 жители.[3]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 89 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 82 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 543 0 135 160 99 90 89 82
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Од 1919 година, селото е дел од општината Бериславци, а атарот на општината опфаќал површина од 57 квадратни километри.[3] Во 1997 година, општината Бериславци била припоена кон поранешната општина Капињани.[11] Во 2011 година, општината Капињани станала дел од поголемата општина Меглен.

Селото припаѓа на општинската единица Капињани со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Меглен, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Бериславци, во кој покрај селото Лугунци влегува и селото Бериславци.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Лугунци

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Λούγγουντσα -- Λαγκαδιά
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 Симовски, Тодор (1998). „Воденски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 92-93. 
  4. Верковиќ, Стефан. Македонски народни умотворби, Книга Петта, подготвил и редактирал Кирил Пенушлиски, Македонска книга, Скопjе, 1985, с. 25.
  5. „Борбите в Македония - Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 53, ISBN 9549514560
  6. Илюстрация Илинден, 1936, бр.79, стр.1
  7. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  8. Васил К’нчов. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 152.
  9. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 194-195.
  10. Милојевић, Боровоје. Јужна Македонја - Антропогеографска, Београд 1920. Цитирано по: Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Γιανιτσών 1886 – 1927 (διοικητικά όρια 1911)
  11. Περίκλεια.

Белешки[уреди | уреди извор]