Биџова Маала

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Биџова Маала
Πιπεριές
Поглед на Биџова Маала
Поглед на Биџова Маала
Биџова Маала is located in Грција
Биџова Маала
Биџова Маала
Местоположба во областа
Биџова Маала is located in Меглен
Биџова Маала
Местоположба на Биџова Маала во општината Меглен и областа Централна Македонија
Координати: 40°58.13′N 22°1.1′E / 40.96883° СГШ; 22.0183° ИГД / 40.96883; 22.0183Координати: 40°58.13′N 22°1.1′E / 40.96883° СГШ; 22.0183° ИГД / 40.96883; 22.0183
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаМеглен
Општ. единицаС’ботско
Надм. вис.&10000000000000162000000162 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно558
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Биџова Маала (грчки: Πιπεριές, Пипериес или Πιπεριά, Пиперија; до 1926 г. Μπίτζιο Μαχαλά, Биѕјо Махала[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 558 жители (2011). Сè до 1920-тите било наелено со Турци-Јуруци.[3]

Географија[уреди | уреди извор]

Биџова Маала е сместена во средишниот дел на котлината Меглен (Моглена), 3 км западно од С’ботско.[4]

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Ова е релативно нова населба, подигната од турски сточари од народноста Јуруци. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Биџо Махалеси (Bidjo Mahalessi) било село во Воденската каза со 30 куќи на 108 жители муслимани.[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Биџо Махале живееле 700 Турци.[6]

Во Грција[уреди | уреди извор]

Чудотворната икона на Богородица од XII век, донесена од дојденците од Генџе кај Паномо (Бандрма).

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 1.201 жител (или 946), кои во 1920 г. спаднале на 797.[3] Во 1920-тите населението е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место властите довеле грчки колонисти од Пропонтида, главно од селата Гоња (Гонија), Армутли, Генџе, Скамнија, Триглија (Зејтинбаг), Ајвали (Ајвалак), Бурса, Смирна (Измир), Катрли, Сафрамполи, Адампазар (Адапазар), Артаки (Ердек), Панормо (Бандрма), Амасија, Вајвури, Вајзири, Кесарија (Кајсери), Ванири, Караитини, Ортаќој, Пуеси, Сариќој, Севастија (Сивас) и Трапезунд (Трабзон). Во истиот период се населиле и 12 македонски семејства од Пожарско. Доселениците изградиле црква во периодот од 1953 до 1965 г. во која чуваат чудотворна икона на Богородица од XII век, досена од Панормо.[4]

Во 1926 г. селото е преименувано во Пипериес. Според пописот од 1928 г. селото имало 579 лица од дојденски семејства 134, и ги испушта македонските.[7] Меѓутоа, според Тодор Симовски во 1928 г. Биџова Маала имала 427 жители, од кои 389 дојденци и 38 Македонци. Во 1940 г. селото имало 631 жител, од кои 90 биле Македонци.[3]

Селото настрадало во Втората светска и Граѓанската војна. Неколку семејства и поединци од Македонците пребегале во Р. Македонија, а извесен број доселенички семејства се засолниле на други побезбедни места. Така, во 1951 г. бројот на жители се намалил на 390, а подоцна почнал да се опорава.[3]

Во 1991 г. е забележано дека во Биџова Маала имала 542 жители, од кои 14 македонски семејства, 22 доселенички од Понд, а останатите од Мала Азија. Оние од Понд зборувале грчки, додека останатите дојденци од Мала Азија зборувале турски како мајчин,[3] иако веќе биле во силна јазична асимилација.

Според истражување од 1993 г. селото мешано „словенојазично-дојденско“, во кое македонскиот и понтскиот грчки се зачувани на средно ниво, а турскиот на ниско.[8]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 631 390 435 484 481 542 589 558
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Главни производи на селото се индустриската пиперка, свилена буба, житото и друго. Мошне развиени се овоштарството и лозарството, а делумно и сточарството.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπίτζιο Μαχαλά -- Πιπεργιές
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 84. 
  4. 4,0 4,1 „Τοπική Κοινότητα Πιπεριάς“. Δήμος Αλμωπίας. конс. 18 јуни 2014. 
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 156 – 157.
  6. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 150.
  7. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  8. Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"