Долно Турманли
Долно Турманли Κάτω Ροδωνιά | |
---|---|
Координати: 40°57′N 22°02′E / 40.950°N 22.033°E | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Постол |
Надм. вис. | 155 м |
Население | |
• Вкупно | 0 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Долно Турманли — село во Егејска Македонија, Грција.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото Долно Турманли е сместено југозападно од С’ботско, во негова непосредна близина, на надморска височина од 155 метри. Административно влегува во општината Цакон Маала.[1].
Историја
[уреди | уреди извор]Во минатото Долно и Горно Турманли претставувале една населба поделена на две маала, позната како Турманли или Торманли Махала. Претставува релативно ново село, основано од Турци Јуруци населни како сточари.[1]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Населението произведува овошје, десертно грозје, индустриски пиперки, грав и жито.[1]
Население
[уреди | уреди извор]К’нчов го споменува со 225 жители, а Милоевиќ го регистрира со 35 турски куќи. Во 1913 година двете маала се водат со 338, а во 1920 година со 282 жители. По иселувањето на жителите на селото во Турција (во 1924 година) тука биле сместени бегалски семејства од Понд, чиј број на жители во 1928 година изнесувал 110, а во 1940 година 159, во 1951 година 110, во 1961 година 151, во 1971 година 139, во 1981 година 114, а во 1991 година 115 жители.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|