Пожарски Бањи
| Пожарски Бањи Λουτρά Λουτρακίου | |
|---|---|
Водопад во Пожарски Бањи | |
| Координати: 40°58′N 21°55′E / 40.967°N 21.917°E | |
| Земја | Грција |
| Област | Централна Македонија |
| Округ | Постол |
| Надм. вис. | 212 м |
| Население (2021)[1] | |
| • Вкупно | 0 |
| Час. појас | EET (UTC+2) |
| • Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пожарски Бањи — село во Егејска Македонија.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото Пожарски Бањи се наоѓа помеѓу планинските масиви Кожуф и Кајмакчалан, сместено на 212 метри надморска височина.
Историја
[уреди | уреди извор]Под селото Долно Пожар, меѓу планините Кожув и Кајмакчалан, на надморска височина од 420 метри уште од стари години постојат минерални топли бањи, чија експлоатација започнала по 1935 година и наскоро станале познати по својата лековитост, но и како пријатно летувалиште на поимотните семејства од Солун и од други градови, за која цел биле подигнати и специјални хотели.[2].
Бањите, посебно објектите, за време на Втората светска војна и Граѓанската војна ги користеле партизаните и воопшто силите на отпорот, посебно за лекување на ранетите, но и за рекреација и мал одмор на изморените борци. Бањите почнаа повторно да функционираат по нормализирањето на ситуацијата, па дури се водат како посебна населба која влегува во составот на општината Долно Пожар.[2]
Население
[уреди | уреди извор]Во пописот од 1961 година, Пожарските Бањи се водат со 13 жители, во пописот од 1971 година нивниот број е пресметан во составот на жителите од селото Долно Пожар, додека во 1981 година е евидентиран само еден, а во 1991 година 2 житела.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- 1 2 3 Симовски Христов, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. 1. Скопје: Здружение на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија. ISBN 9989-9819-4-9.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
| ||||||||||||||
| Оваа статија место во Егејска Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |