Ени Маала (Мегленско)

Координати: 40°58.34′N 22°0.40′E / 40.97233° СГШ; 22.00667° ИГД / 40.97233; 22.00667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ени Маала
Ени Маала is located in Грција
Ени Маала
Ени Маала
Местоположба во областа
Ени Маала во рамките на Меглен
Ени Маала
Местоположба на Ени Маала во општината Меглен и областа Централна Македонија
Координати: 40°58.34′N 22°0.40′E / 40.97233° СГШ; 22.00667° ИГД / 40.97233; 22.00667
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаМеглен
Надм. вис.&10000000000000160000000160 м
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Ени Маала или Јени Махала (грчки: Μικροχώρι, Микрохори; до 1926 г. Γενή Μαχαλά, Јени Махала[1]) — поранешно село во Мегленско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Меглен на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Денес е маало на селото Биџова Маала.

География[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало во котлината Меглен, на 5 км западно од С’ботско.[2] Административно денес е дел од селото Биџова Маала.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Ени Махале живееле 200 Турци.[4] Боривое Милоевиќ („Јужна Македнија“) вели дека Јени-махала пред Балканските војни имало 35 турски куќи.[5]

Егзархиската статистика за Воденската каза од 1912 г. го спомнува селото со 130 жители.[2]

Во грција[уреди | уреди извор]

Селото било окупирано од грчка војска и по Втората балканска војна во 1913 г. влегло во состав на Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година Ени Маала не се води како посебна населба, но на пописот од 1920 г. во него се заведени 103 жители.

Во 1924 г. турското население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени Грци од Турција. Во 1926 г. е преименувано во Микрохори (в опревод мало село). На пописот од 1928 г. селото се води како наполно дојденско со 19 семејства сочинети од 66 лица.[6]

Некаде во 1970-тите селото престанало да постои како одделно, спојувајќи се со Биџова Маала.

На земјиштето на денешното маало се произведуват пиперки, десертно грозје, грав и јаболка.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 95 102 75 41 X X X X
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  2. 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 89. ISBN 9989-9819-5-7.
  3. „Τοπική Κοινότητα Πιπεριάς“. Δήμος Αλμωπίας. Посетено на 22 август 2021.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 150. ISBN 954430424X.
  5. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 24.
  6. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012