Прејди на содржината

Карадере Воденско

Координати: 40°53.47′N 22°6.59′E / 40.89117° СГШ; 22.10983° ИГД / 40.89117; 22.10983
Од Википедија — слободната енциклопедија
Карадере Воденско
Μαυρόλακκος Βοδενών
Карадере Воденско is located in Грција
Карадере Воденско
Карадере Воденско
Местоположба во областа
Карадере Воденско во рамките на Меглен
Карадере Воденско
Местоположба на Карадере Воденско во општината Меглен и областа Централна Македонија
Координати: 40°53.47′N 22°6.59′E / 40.89117° СГШ; 22.10983° ИГД / 40.89117; 22.10983
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаМеглен
Општ. единицаС’ботско
Население
 • Вкупноиселено
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Карадере Воденско (грчки: Μαυρόλακκος Βοδενών, Мавролакос Воденон; до 1925 г. Καρά Δερέ Βοδενών, Кара Дере Воденон[1][2]) — поранешно село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот округ во областа Централна Македонија, Грција.

Географија[уреди | уреди извор]

Карарере се наоѓало во јужниот дел на котлината Меглен, источно од Драгоманци. Лежело на левиот брег на реката Мегленица, спроти исоименото Карадере Пазарско сместено на на десниот.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Според Стефан Верковиќ на крајот од XIX век Карадере било македонско муслиманско село со 148 машки жители и 35 домаќинства.[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Кара Дере жевееле 80 Македонци христијани и 165 Турци.[3][5] Според Тодор Симовски податоците се за двете села под името Карадере на двата брега на Мегленица.[1]

Егзархиската статиатика за Воденската каза од 1912 г. ги води обете села како македонски муслимански, што според Тодор Симовски е погрешно.[1] Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни Воденска Карадере имала 30 турски куќи.[6]

Во Грција[уреди | уреди извор]

За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. согласно Букурешкиот договор влегло во состав на Грција. Таа година населението броело 190 жители. Во 1920 г. населението се намалило на 129 лица.[1]

Во 1925 г. селото е преименувано во Мавролакос.[1] Во 1924 г. согласно Лозанскиот договор муслиманското население е иселено во Турција, а на него место се доведени неколку грчки семејства. Според пописот од 1928 г. селото било дојденско со 9 семејства сочинети од 32 лица.[7] Според други податоци, стата година селото имало 35 жители дојденци.[1]

Селото е напуштено во 1935 г.[1]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 190 129 35
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 90. ISBN 9989-9819-5-7.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Райчевски, Стоян (2004) [1998]. „Географски предели – Македония“. Българите мохамедани (второ издание. изд.). София: Национален музей на българската книга и полиграфия. стр. 114. ISBN 954-9308-51-0.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 147. ISBN 954430424X.
  6. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 25.
  7. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 20 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012