Трстеник (Ениџевардарско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Трстеник
Θηριόπετρα
Трстеник is located in Грција
Трстеник
Трстеник
Координати: 41°03′N 22°10′E / 41.050° СГШ; 22.167° ИГД / 41.050; 22.167Координати: 41°03′N 22°10′E / 41.050° СГШ; 22.167° ИГД / 41.050; 22.167
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаМеглен
Општ. единицаКапињани
Надм. вис.&10000000000000285000000285 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно334
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Трстеник (грчки: Θηριόπετρα, Тирјопетра; до 1929 година: Τρέστενικ, Трестеник[2]) — село во Мегленско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Меглен, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во подножјето на планината Пиново, дел од Кожуф, северозападно од селото Фуштани, на надморска височина од 285 метри.[3]

Селото се наоѓа на 12 километри северно од селото Капињани, во северниот дел на котлината Меглен.

Историја[уреди | уреди извор]

До 1924 година селото било населено исклучително со македонско население, но неговите жители во немирните години, заради поголема семејна и имотна сигурност, ја сменило својата вера и се исламизирало.[3]

Во 1924 година, македонските муслимани во согласност со Лозанскиот договор, биле принудени да се иселат во Турција, а на нивно место грчките власти населиле поголем број бегалски семејства од Мала Азија (нивен говорен јазик бил турскиот), како и помал број бегалци од Понд и од Источна Тракија. Според пребројувањето во 1928 година, селото претставувало мешана населба со 121 бегалско семејство со вкупно 466 жители.[4]

Во 1929 година, името на селото било променето во Тирјопетра (Θηριόπετρα), а новото име е дадено од свештеникот Анастасиј Папајоану.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Иако е полупланинско, половината од обработливите површини на селото лежат во полето и се наводнуваат, поради што се добиваат високи приноси. Населението произведува овошје, тутун, жито и други земјоделски производи, а делумно е развиено и сточарството, бидејќи постојат погодни услови (непрегледни терени погодни за сточарење).[3]

Население[уреди | уреди извор]

Според Стефан Верковиќ кон крајот на XIX век, Трстеник било македонско-муслиманско село со машко население од 659 души и 160 домаќинства.[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Страишта живееле 1.000 Македонци-муслимани.[3][6] Егзархиската статистика го водела со 1.138 жители.

Во 1920 година, Трстеник било посочено како македонско-муслиманско село со 230 муслимански куќи.[3][7]

Селото во пописот од 1913 година било забележано со 1.218, а во 1920 година со 1.138 жители. Во 1924 година била извршена размената на население, односно муслиманите биле принудно иселени во Турција, а на нивно место биле доселени грчки бегалски семејства од Мала Азија (нивен говорен јазик бил турскиот), како и помал број бегалци од Понд и Источна Тракија. Во 1928 година селото имало 473, а во 1940 година 717 жители. Иако настрадало во Граѓанската војна, Трстеник во 1951 година имало 478 жители, во 1961 година 555, во 1971 година 446, во 1981 година 397, а во 1991 година 361 жител.[3]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 401 жител. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 334 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 717 478 555 446 397 361 401 334
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Во 1919 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 19 квадратни километри.[3]

Селото припаѓа на општинската единица Капињани со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Меглен, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Страишта, во кој е единственото село.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τρέστενικ -- Θηριόπετρα
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор (1998). „Воденски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 102. 
  4. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  5. Райчевски, Стоян (2004) [1998]. „ГЕОГРАФСКИ ПРЕДЕЛИ - Македония“ (на бугарски). Българите мохамедани (второ издание издание). София: Национален музей на българската книга и полиграфия. стр. 114. ISBN 954-9308-51-0. 
  6. Васил К’нчов. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 148.
  7. Милојевић, Боровоје. Јужна Македонја - Антропогеографска, Београд 1920. Цитирано по: Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Γιανιτσών 1886 – 1927 (διοικητικά όρια 1911)

Белешки[уреди | уреди извор]