Драгоманци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Драгоманци
Άψαλος
Поглед на Драгоманци
Поглед на Драгоманци
Драгоманци is located in Грција
Драгоманци
Драгоманци
Местоположба во областа
Драгоманци is located in Меглен
Драгоманци
Местоположба на Драгоманци во општината Меглен и областа Централна Македонија
Координати: 40°53.33′N 22°3.26′E / 40.88883° N; 22.05433° E / 40.88883; 22.05433Координати: 40°53.33′N 22°3.26′E / 40.88883° N; 22.05433° E / 40.88883; 22.05433
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаМеглен
Општ. единицаС’ботско
Надм. вис.&10000000000000150000000150 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1.121
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Драгоманци на сојузничка разгледница од Првата светска војна

Драгоманци (грчки: Άψαλος, Апсалос; до 1926 г. Δραγουμάνιτσα или Δραγομανίτσα, Драгуманица/Драгоманица[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.121 жители (2011). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци, а денес е мешано.[3]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во котлината Меглен, на 15 км северно од Воден и 12 км јужно од С’ботско.[4]

Историја[уреди | уреди извор]

Праисторија и антика[уреди | уреди извор]

Во околината на Драгоманци е пронајдена античката населба Апсалос,[4] еден од трите града во Алмопија, заедно со Орма и Европ, спомнати од географот Клавдиј Птоломеј во II век. Праисториските и античките населби се откриени во месностите Комвос, Грами, Тумба и Врбен. Се смета дека во антиката, населбите околу Драгоманци биле испостави на тврдината над Почеп.[5] Денешното име на селото е преземено од називот на таа стара населба, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија.

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Поголемиот дел од жителите на Драгоманци во дадено време го прифатиле исламот за да ја обезбедат својата лична и имотна сигурност. Значаен дел од оние кои одбиле да си ја сменат верата постепено се преселиле во Воден и околните македонски села.[3] Доказ за устојчивоста на христијанското население во XIX век е изградбата на црквата „Св. Атанас“ во тоа време.[6] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Драгоманци (Dragomantzi) било село во Воденската каза со 340 куќи кои се состоеле од и 915 жители муслимани (т.е. Македонци-муслимани) и 280 Македонци (христијани).[7][8]

Според хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ, кон крајот на XIX век Драгоманци е македонско муслиманско село с машко население од 424 души и 120 домаќинства.[9][10] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) бо 1900 г. Драгоманци било чисто македонско село, со 220 Македонци-христијани и 1.000 Македонци-муслимани.[7][11]

Христијанското население на Драгоманци потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Драгоманци (Dragomantzi) имало 120 Македонци под егзархијата.[7][12] Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото имало 260 муслимански и 10 христијански куќи, иако во меѓувреме преостанатите христијански жители го напуштиле селото.[3]

Во Грција[уреди | уреди извор]

Првата полска болница на Српската армија во Драгоманци за време на Првата светска војна, 1917 г.

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 1.050 жители, кои во 1920 г. биле 1.015.[3] Во 1926 г. селото е преименувано во Апсалос, по античкиот град град, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија. Во 1920-тите муслиманското македонско население на Драгоманци е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место властите довеле грчки колонисти од Понд (од Хаџи Осман во Никомидиско, Акдаг Маден во Анкарско и Булгар Маден во јужна Турција), Тракија (од Ексамили на полуостровот Галиполе) и Мала Азија (од Смирненско).[4] Во 1928 г. селото е заведено како наполно дојденско со 1.210 дојденски жители (299 семејства).[13] Во 1945 г. во Драгоманци се доселиле и Власи од Епир.[4]

Почнувајќи од 1950-тите селото бежели извесен пад на населението, поради иселување во градовите.

Според истражување од 1993 г. селото е етнички мешано (грчко-влашко), во кое понтскиот грчки и влашкиот се зачувани на средно ниво.[14]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 1.502 1.572 1.491 1.320 1.277 1.254 1.178 1.121
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението произведува големи количества на десертно грозје, тутун, жито и други земјоделски производи. Мошне развиено е и сточарството, поради непрегледните пасишта околу селото.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δραγουμάνιτσα -- Άψαλος
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 88–89.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 „Τοπική Κοινότητα Αψάλου“. Δήμος Αλμωπίας. Посетено на 17 јуни 2014.
  5. „Αρχαίος οικισμός Αψάλου“. Βάση Δεδομένων για την Ιστορική κληρονομιά της Αλμωπίας - Lhi-Lna. Посетено на 30 април 2018.
  6. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/49633/1175/7-1-1987 - ΦΕΚ 271/Β/2-6-1987“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Посетено на 18 октомври 2014.
  7. 7,0 7,1 7,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  8. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 158 – 159.
  9. Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.
  10. Райчевски, Стоян (2004) [1998]. Българите мохамедани. ГЕОГРАФСКИ ПРЕДЕЛИ – Македония (изд. второ издание.). София: Национален музей на българската книга и полиграфия. стр. 123. ISBN 954-9308-51-0.
  11. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. Воденска Каза. София: Българско книжовно дружество в София. стр. 150.
  12. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 190-191.
  13. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  14. Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"

Надворешни врски[уреди | уреди извор]