Драгоманце

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Драгоманце
Викиекспедиција Козјачија 141.jpg

Поглед на селото Драгоманце

Драгоманце is located in Македонија
Драгоманце
Местоположба на Драгоманце во Македонија
Координати 42°13′23″N 21°51′51″E / 42.22306° СГШ; 21.86417° ИГД / 42.22306; 21.86417Координати: 42°13′23″N 21°51′51″E / 42.22306° СГШ; 21.86417° ИГД / 42.22306; 21.86417
Регион Logo of Northeastern Region, North Macedonia.svg Североисточен
Општина Coat of arms of Staro Nagoričane.svg Старо Нагоричане
Област Козјачија
Население 133[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1303
Повик. бр. 031
Надм. вис. 424 м
Слава Митровден
Commons-logo.svg Драгоманце на Ризницата


Драгоманце — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Поглед на маалото Село

Се верува дека името на селото потекнува од основачот на селото, кој бил старешина на група на работници или „драгоман“.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Населбата се наоѓа во областа Козјачија, речиси во самиот средишен дел на територијата на Општина Старо Нагоричане, недалеку од левата страна на реката Пчиња. Селото е ридско, чии маала се издигаат на надморска височина од 360 до 560 метри.[3] Од градот Куманово селото е оддалечено 25 километри.[3]

Драгоманце е поделено на две маала во две долини. Едната долина е на Драгоманскиот Поток, а другата е долината на Степанска Река, и двете леви притоки на Пчиња. Во првата долина се наоѓа поголемото маало Село со 20 куќи, додека второто маало Гладница има 14 куќи. Во маалото Гладница се наоѓа осумгодишното основно училиште, заедно со интернат за учениците од другите села.[2]

Атарот е мал и зафаќа површина од 4,5 км². На него обработливото земјиште зафаќа површина од 261 хектар, на пасиштата отпаѓаат 193 хектари, а на шумите само 7,6 хектари.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Драгоманце не е многу стара населба, основано е на почетокот на XIX век. Како негов основач се споменува некој човек со своите три сина, кои се доселиле од Поповац, од околината на Параќин, Србија.[2]

Куќите на првите жители биле во денешното маало Гладница, но поради постојаните зулуми, почнале да се преместуваат во соседното, но позатскриена долина, кај денешното маало Село. Околу 1900 година, некои од жителите повторно се вратиле во маалото Гладница.[2]

Во 19 век, Драгоманце било христијанско село во рамките на Кумановската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото во основа има полјоделска функција.[3]

До 1963 година, жителите на Драгоманце најмногу живееле од одгледувањето жито и чувањето овци. Откако бил изграден каналот за наводнување, поголемиот дел од жителите се префрлиле на одгледување зеленчук. Најмногу се произведувало пиперки, зелка и кромид.[2]

Во минатото во селото постоел производствен погон на фабриката „ЧИК“ од Куманово,[3] кој денес е пренаменет во погон на фабриката „Бонум“. Погонот има капацитет за преработка на 6.000 тони зеленчук, а располага со 5.000 метри квадратни платоа и 5 хектари земјиште.[4]

Погон на Бонум во селото Драгоманце

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Драгоманце имало 295 жители.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Драгоманце имало 240 жители.[6]

Драгоманце е мала населба, којашто во 1961 година броела 238 жители, а во 1994 година 148 жители, од кои 115 Македонци и 31 Србин.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Драгоманце имало 133 жители, од кои 124 Македонци и 9 Срби.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[7] 1905[8] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 295 240 203 213 238 226 182 165 148 133
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови[уреди | уреди извор]

Според авторот Јован Трифуноски, во селото имало македонски и ромски[10] родови, иако според пописните податоци по Втората светска војна, во селото не се сретнуваат Роми. Сите родови потекнуваат од претци, кои биле доселени:[2]

  • Македонски родови: Попиќевци (15 к.), Брзаци (5 к.), Бегови (4 к.) и Мацанци (4 к.). Како се тврди сите потекнуваат од истиот предок доселен од Поповац. Сите слават Свети Никола.
  • Ромски родови: Ѓорговци (6 к.), првин живееле во соседното село Врачевце, а подоцна се преселиле во маалото Гладница. Слават Свети Никола. Веќе не говорат ромски.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Деветгодишното основно училиште „Христијан Тодоровски Карпош“

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Старо Нагоричане, една од малкуте општините, која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Старо Нагоричане.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Драгоманце, во која влегувале селата Драгоманце, Добрача, Коинце, Пузајка и Стрновац.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Жегљане, во која покрај селото Драгоманце се наоѓале и селата Враготурце, Врачевце, Жегљане, Карловце, Коинце, Кокино, Малотино, М’гленце, Пелинце, Пузајка и Степанце.

Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Старо Нагоричане.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[3]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од Драгоманце и постари и понови иселеници. Постарите се сретнуваат во кумановските села: Стрновац (Биризовчани, 17 к.), Пузајка (Дршљанци, 7 к.; Киринци, 5 к. и Гривинци, 1 к.) и Врачевце (Стошинци, 2 к.).[2]

Новите иселеници главно се иселувале во градовите Куманово и Скопје.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 "Попис на Македонија" (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 18 март 2017. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 111. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 17 април 2017 г. 
  4. Б., И.. „Нов погон на "Бонум" во Драгоманце“, „Вечер“, Вечер Прес, 9 септември 2005 (посет. 17 април 2017 г). (на македонски)
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 216.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 128-129.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. "Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна". Државен завод за статистика. 
  10. Во книгата на авторот запишани како цигански.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]